Романескна мозаична композиција (Славчо Ковилоски, Синот на кралот, Современост, Скопје, 2011)

Mladenoski, Ranko (2012) Романескна мозаична композиција (Славчо Ковилоски, Синот на кралот, Современост, Скопје, 2011). Современост, 61 (2). pp. 179-182. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za Repoz PDF SO APSTRAKTI_Apstrakti za tekstovite vo Sovremenost i PDF_Za Sinot na kralot od Koviloski.pdf

Download (178Kb) | Preview

Abstract

Романот со наслов „Синот на кралот“ на младиот македонски автор Славчо Ковилоски е второ негово книжевно остварување за славниот Крале Марко (Крали Марко, Марко Крале). Имено, во 2010 година Ковилоски ја објави монодрамата со наслов „Крале Марко (или Синот на Волкашин)“ во која на еден чудесен начин Крале Марко се појавува повторно по шестотини години од неговата смрт (или исчезнување од светот) и му се обраќа на македонскиот народ. Ваква симбиоза на фактивното (историското) и фиктивното (книжевно-уметничкото) среќаваме и во романот на Ковилоски за Крале Марко. Голем број ликови и настани од романот имаат историска референцијална функција, односно упатуваат на стварноста од минатото. Меѓутоа, она што е типично за овој роман на Ковилоски е специфичното менаџирање на раскажувањето со голем број наратори. Ваквиот комбиниран пристап во изборот на наративниот глас, односно на субјектот на дискурсот, му овозможува на авторот да понуди мноштво гледни точки (аспекти, погледи на свет или модалитети, кажано со драматуршкиот речник на Горан Стефановски) за дејствата и за описите во романот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 13:45
Last Modified: 17 Dec 2012 13:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3831

Actions (login required)

View Item View Item