Ликот на Александар Македонски во македонскиот роман од 20 век

Mladenoski, Ranko (2012) Ликот на Александар Македонски во македонскиот роман од 20 век. Современост, 61 (2). pp. 52-65. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za Repoz PDF SO APSTRAKTI_Apstrakti za tekstovite vo Sovremenost i PDF_Aleksandar vo roman 20 vek.pdf

Download (290Kb) | Preview

Abstract

Во трудот се елаборира улогата и функцијата на книжевниот лик и историската личност Александар III Македонски конкретно во македонскиот роман од 20 век. Имено, во македонскиот книжевен 20 век се објавени четири романи во кои се среќаваме со македонскиот крал Александар Македонски: „Александар и смртта“ од Слободан Мицковиќ во 1992 година, „Домот на Александар“ од Митко Маџунков во 1992 година, „Записи и сништа за Александра Магнум“ од Владимир Шопов во 1997 година и „Дива лига“ од Влада Урошевиќ. Овие четворица автори, се разбира секој на свој начин, во романите ја даваат (или ја создаваат) сопствената слика, сопствената перспектива за Александар Македонски. При елаборацијата на структурните сегменти на споменатите четири романи посебно внимание обрнуваме на наративната функција на ликот на Александар III Македонски како знак (семема) што ги интегрира во себе различните културни идентитети во текот на воениот поход во Азија. Овие четири романи, всушност, се само потврда за сè позачестеното присуство на античкиот македонски крал Александар Македонски во поновата македонска книжевност.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 13:44
Last Modified: 17 Dec 2012 13:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3830

Actions (login required)

View Item View Item