Светото тројство на татковината

Mladenoski, Ranko (2012) Светото тројство на татковината. Современост, 61 (1). pp. 158-160. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za Repoz PDF SO APSTRAKTI_Apstrakti za tekstovite vo Sovremenost i PDF_Nikola Altiev sveto trojstvo.pdf

Download (242Kb) | Preview

Abstract

Овој труд е претставување и анализа на поетската збирка со наслов „Македон“ од Никола Алтиев. Таа збирка е сосема логична појава во творештвото на овој наш поет, особено по неговите збирки „Јужнобол“ и „Вечнопис“. И во оваа своја стихозбирка Алтиев се навраќа кон оној немил и трагичен историски настан на поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година и кон последиците од таа делба што македонскиот народ ги чувствува до денес, а особено обидите за неговото национално разнебитување. Легендарниот предок на античките Македонци, Македон, го среќаваме само во насловот од збирката и потоа, во песните, тоа име едноставно го нема. Тоа е така затоа што Македон, всушност, е присутен на секоја страница од книгата, односно присутен е во отсуство – in absentia. Имено, Старецот, трите птици, куќата со три прозорци, тријадата Река/ Планина/ Море, татковината, Сонцето итн. претставуваат поетски супститути за Македон којшто во оваа збирка на Алтиев е олицетворение на Македонија – на славната античка Македонија, на библиската Македонија, но и на денешната распарчена Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 13:42
Last Modified: 17 Dec 2012 13:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3826

Actions (login required)

View Item View Item