Александар III Македонски во современата македонска книжевност

Mladenoski, Ranko (2012) Александар III Македонски во современата македонска книжевност. Nie, I (2). pp. 39-45. ISSN 1857- 8004

[img]
Preview
Text
Aleksandar Makedonski vo sovremenata makedonska knizevnost.pdf

Download (2880Kb) | Preview

Abstract

Трудот е опис на македонските книжевни дела за Александар III Македонски во првата деценија од овој век. Во првата деценија од 21 век во македонската книжевност се објавени повеќе литературни дела за Александар Македонски отколку во сиот претходен 20 век. Имено, за 20 век успеавме да регистрираме вкупно 54 објавени книжевни дела за Александар (романи, раскази, поеми, епови, песни, драми), додека само во првата деценија од 21 век објавени се вкупно 78 книжевни дела (романи, раскази, есеи, поеми, епови, песни, драми) во кои го среќаваме македонскиот крал Александар III Македонски. Тоа значи дека во современата македонска книжевност е очигледна тенденцијата за сè позачестеното присуство на Александар Македонски во сите литературни видови. Причините за ова се, секако, развојот на Македонија како самостојна држава, политичките дебати во врска со проблемот на Република Грција со нашето државно и национално име од што неминовно произлезе и зголемениот интерес на Македонците за античката историја на Македонија и особено за историската личност Александар III Македонски. Како фактор за ваквата состојба во современата македонска книжевност треба да се спомене и многу подеталното изучување на античко-македонската историја во сите нивоа на образовниот процес во Република Македонија во однос на периодот пред осамостојувањето на државата.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 08:45
Last Modified: 17 Dec 2012 08:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3655

Actions (login required)

View Item View Item