Третман и превенција на „сува алвеола“

Dimova, Cena (2012) Третман и превенција на „сува алвеола“. Medicus, informativen glasnik na javnoto zdravstvo - Stip, 7 (16). pp. 3-5. ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Text
ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА СУВА АЛВЕОЛА _ДИМОВА _ЦЕНА.pdf

Download (180Kb) | Preview

Abstract

Предуслов за да се обезбеди нормален процес на заздравување на екстракционата рана е исполнување на забната алвеола со крвен коагулум. Доколку од било која причина настани губиток на крвниот коагулум настанува експонирања на алвеоларната коска и неуспешно формирање на гранулационо ткиво, коешто е пропратено со силна болка. Ова постекстракциона компликација се нарекува “сува алвеола”, или едноставно алвеолитис. Оваа состојба има повеќе синоними: • Алвеоларен остеит • Alveolitis sicca dolorosa • Локализиран акутен алвеоларен остеомиелитис • Постекстракционен остеомиелитички синдром • Фибринолитички алвеолитис Инциденца: Во стручната литература се посочуваат различни податоци за времето на настанување на оваа посекстракциона компликација, но вообичаено ова се случува во период од првиот до четвртиот ден по екстракција на заб, дури и по 4-5 дена по извршената екстракција. Различни податоци постојат и за инциденцата на појава на оваа состојба и тоа во ранг на 1-45% од извршените екстракции со најголема застапеност при екстракција на третите долни молари. Се јавува почесто кај пациенти на возраст од 20-45 години со поголема застапеност кај женскиот пол.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 13 Dec 2012 10:50
Last Modified: 30 Sep 2013 10:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3544

Actions (login required)

View Item View Item