Нови орални антикоагуланси – нови пристапи во денталната медицина

Dimova, Cena (2011) Нови орални антикоагуланси – нови пристапи во денталната медицина. Farmacevtski informator, 10 (26). pp. 42-44. ISSN 1409-8784

[img]
Preview
Text
ТЕКСТ ДИМОВА ЦЕНА фармацевстки информатор.pdf

Download (157Kb) | Preview

Abstract

Патогенезата на тромбозата е многукомпонентен комплекс од локални и системски реакции, во чија основа се наоѓа создавањето на тромб во крвните садови, најчесто како последица на взаемното дејствување на неколку системи: васкуларните, клеточните и хормонските фактори во крвта. Создавањето на тромб во физиолошки услови претставува нормален и корисен механизам на реакција при настаната повреда на крвниот сад. Патолошкиот тромб може да се дефинира како појава при која циркулирачката крв ја загубила нормалната, физиолошката рамнотежа меѓу механизмите коишто ја регулираат хемостаза во срцево-садовниот систем. Тромбозата е процес којшто го предизвикуваат тромбоцитите и плазматските протеини. Овој процес е модулиран од циркулирачки антикоагулантни протеини и од системот на фибринолиза кои се во постојана рамнотежа (Biggs). Тромбозата претставува мултифакторијално заболување и се случува кога ќе биде нарушена рамнотежата меѓу прокоагулантните фактори и одбранбените механизми. Клиничките манифестации се различни, зависат од локализацијата на тромбот, а се должат на васкуларната опструкција и емболизација.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 13 Dec 2012 08:51
Last Modified: 30 Sep 2013 10:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3541

Actions (login required)

View Item View Item