Agricultural Phytopathology (Part 2)

Pejcinovski, Filip and Mitrev, Sasa (2009) Agricultural Phytopathology (Part 2). Goce Delcev University - Stip, Stip. ISBN 978-608-4504-08-5

[thumbnail of naslovna_specijalen.pdf]
Preview
Text
naslovna_specijalen.pdf

Download (301kB) | Preview
Official URL: http://www.ugd.edu.mk

Abstract

Фитопатологијата како наука, во Република Македонија се изучува речиси 60 години во средните земјоделски училишта и на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. За изучување на материјалот и подготовката на испитите, студентите користеа литература главно од другите универзитетски центри во поранешна Југославија, како и изданието Земјоделска фитопатологија (општ дел) 1985/1988 година, од проф. д-р Филип Пејчиновски, а учениците од средните земјоделски училишта го користеа изданието Фитопатологија 1980/1987 година од истиот автор.

Последниве триесеттина години од минатиот и почетокот на XXI-от век, се одликуваат со интензивни проучувања во фитопатологијата, кои резултираа со значајни резултати за етиологијата на одредени болести кај растенијата, за особините на патогените, за методите за нивната дијагноза, а сé со цел за нивно успешно сузбивање. Овие резултати условија крупни промени по некои фундаментални прашања во фитопатологијата. Големото стопанско значење на растителните болести, постигнатите резултати од нивното проучување и крупните промени во фитопатологијата, како и потребите од издавање на еден посеопфатен учебник по фитопатологија
на македонски јазик, нé поттикнаа да го подготвиме ова издание.

Книгата се состои од два дела: Општа фитопатологија и Специјална фитопатологија. Во оштиот дел се обработени основните прашања од областа на фитопатологијата, како: причинителите на растителните болести, симптоматологијата, патолошките промени кај болните растенија, паразитизмот во растителниот свет, настанување на болестите кај растенијата, влијанието на еколошпките фактори врз патогенезата, епифитотиологијата, отпорноста на растенијата кон патогените, биотехнологијата во растителната патологија и заштитата на растенијата од болестите. Хемиските средства за заштита на растенијата ги обработивме според нивниот механизам на дејство. Во специјалниот дел се обработени: непаразитските болести, болестите предизвикани од организмите слични на габите, од габите, од прокариотските организми, од вирусите и вироидите, од паразитските цветници и од нематодите. Имајќи го предвид паразиткиот однос на нематодите и последиците кај растенијата, во скратен обем ги обработивме и нив.

Во обработката на материјалот, настојувавме колку што е можно да ги презентираме најновите достигнувања и измени во фитопатологијата. Притоа имавме потешкотии поради недосаток од најнови изданија и списанија. Обработени се и некои веќе доста познати состојби од одредени прашања, како и прашања што се од доменот на другите науки, а сé со цел да воспоставиме врска со тие науки и за подобро разбирање на поимите од областа на фитопатологијата. При пишувањето на книгава, настојувавме да ги презентираме и постигнатите резултати од проучувањата кај нас. Во специјалниот дел настојувавме да ги обработиме болестите кај растенијата што се јавуваат во нашите услови, а подетално да ги обработиме оние кои имаат поголемо стопанско значење. Со оглед на тоа дека ова е прво издание од ваков карактер на македонски јазик, имавме потешкотии во изнаоѓањето и изборот на соодветни термини за одредени поими. На крајот се дадени толкувања за одредени стручни поими и изрази.

Изданието, првенствено има за цел да им послужи на студентите од Факултет за земјоделски науки и храна, за совладувањето на материјалот и подготовка на испитот по фитопатологија, како и на оние од пошироката стручна јавност кои имаат интерес да се запознаат со постигнувањата од
областа на фитопатологијата. Колку успеавме во тоа, ќе покаже мислењето на пошироката стручна јавност. Авторите ќе бидат благодарни за секоја позитивна и конструктивна критика и за секое добронамерно укажување на грешките и пропустите направени при изготвувањето на книгата.

На крајот, авторите искажуваат голема благодарност на проф. д-р Мирко Ивановиќ, професор на Полјопривредниот факултет во Белград, кој се прифати да ја рецензира оваа книга, како и за укажата помош со предлози и сугестии во текот на нејзиното изготвување. Посебно сме благодарни на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Република Македонија, за финансиската поддршка за издавање на оваа книга. Задоволство е да искажеме благодарност на дипл. инж. агр. Славе Димитров, за вложениот труд при техничкото уредување на книгата, како и на Зорица Велкова, лектор по македонски јазик, со која постојано се консултиравме во изнаоѓање најпогодни термини за поимите и изразите.
Искажуваме благодарност кон сите оние, кои на кој било начин помогнаа во изготвувањето на книгата. Авторите ќе бидат најблагодарни ако стручната јавност ја прифати книгата и ја користи за збогатување на стручното знаење.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Sasa Mitrev
Date Deposited: 05 Nov 2012 09:18
Last Modified: 09 Jan 2015 13:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/353

Actions (login required)

View Item View Item