Појава на хепатит Ц кај дарителите на крв и начини на превенција

Danilova, Marina (2010) Појава на хепатит Ц кај дарителите на крв и начини на превенција. In: X семинар за квалитет, контрола, информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, Ohrid. (Submitted)

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_marina.danilova_Desktop_Pojava na hepatit C.pdf

Download (94Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
хепатит Ц кај дарителите на крв-.pdf

Download (266Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Хепатит Ц или уште наречена тивка епидемија е болест која го уништува хепарот. Оваа болест во последно време зазема се поголем замав, а една од причините за ова е тешкото откривање на оваа болест бидејќи лицето може да е носител на вирусот подолго време, а да не чувствува никакви симптоми. Според истражувањата на Американскиот Национален Институт за Здравје, околу 1.8% од американската популација (или околу 3.9 милиони Американци) се заразени со вирусот на хепатитот Ц. Вирусот на хепатит Ц се пренесува најчеста преку контакт со заразена крв. Сè до почетокот на 1992 година не постоеле тестови за откривање на вирусот на хепатит Ц во донираната крв. Затоа пред 1992 година, многу инфекции настанувале како последица на трансфузија со заразена крв, а која се давала кај лица кои имале потреба од трансфузија на крв или крвни деривати. За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Цел: да се прикаже бројот на регистрирани позитивни случаи кај дарителите на крв во последните три години во РЕ Трансфузиологија при Клиничката болница во Штип и да се објаснат начините на превенција. Материјал и методи: за изработка на трудот користени се извештаите од одделот за трансфузиологија при Клиничка болница во Штип во периодот 2007-2009 години. Резултати: во РЕ Трансфузиологија при Клиничката болница во Штип за последните три години е забележан пад на бројот на позитивни од HCV од вкупниот број на евидентирани дарители во оваа работна единица, односно во 2007 година од 3200 земени единици крв 15 дарители се позитивни од HCV, во 2008 година од 3500 земени единици крв 3 дарители се позитивни на HCV, и во 2009 година од 3700 земени единици крв 3 дарители се позитивни на HCV. Заклучок: Хепатит Ц е болест која го уништува хепарот и од која заболуваат се поголем број на луѓе. Истражувањето на позитивни случаи кај дарителите на крв во Клиничката болница во Штип во периодот на 2007-2010 година покажува дека бројот на дарители се зголемува а опаѓа бројот на лица кои се позитивни на HCV.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marina Danilova
Date Deposited: 22 Jan 2013 14:21
Last Modified: 24 Feb 2014 09:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3407

Actions (login required)

View Item View Item