Превенција на повреди со остри предмети кај лабораториските работници

Danilova, Marina (2010) Превенција на повреди со остри предмети кај лабораториските работници. In: X семинар за квалитет, контрола, информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика. (Submitted)

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_marina.danilova_Desktop_Povredi so ostri predmeti kaj laboratoriski rabotnici.pdf

Download (110Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Povredi so ostri predmeti kaj lab.rabotnici-trud.pdf

Download (190Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Лабораториските работници ги изведуваат нивните работни задачи во специфични работни услови дефинирани со збирот на физичките, хемиските, биолошките и психосоцијалните фактори во работната средина, а кои произлегуваат од условите и процесот на работа. Тие во текот на својата работа се постојано изложени на разни штетни или заразни материјали и имаат зголемен ризик за настанување на разни повреди при работа. Во последните 70-тина години постојат многу студии кои укажуваат на разни болести здобиени во тек на работа во лабораториите. Истражување во 1974 во Данска покажува дека вработените во лабораториите 7 пати почесто заболуваат од хепатитис Б отколку глобалната популација. Слично, во Англија е покажано дека лабораториските работници 5 пати почесто заболувале од хепатит Б и шигелози од останатата популација. Според СЗО најголем дел од повредите кај лабораториските работници настануваат со боцкање со игла. Цел: да се прикаже бројот на повреди од остри предмети кај лабораториските работници во Клиничката болница во Штип и бројот на работници кои користат разни заштитни средства. Материјал и методи: при изработка на трудот опфатени се 30 лабораториски работници во Клиничка болница во Штип кои се испитани преку анкетен прашалник. Резултати: 70 % од испитаните лабораториски работници пријавиле барем по една перкутана повреда во тек на последната година. Од повредите настанати со остри предмети 66 % се повреди со боцкање со игла. 80 % од испитаните лабораториски работници користат ракавици а 77% употребуваат други заштитни средства. Заклучок: повредите со остри предмети кај лабораториските работници се многу чести и истовремено се ризик за пренесување на разни инфекции. Со цел да се намалат повредите на работа потребно е превземање на колективни и индивидуални превентивни мерки.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marina Danilova
Date Deposited: 22 Jan 2013 14:21
Last Modified: 24 Feb 2014 09:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3396

Actions (login required)

View Item View Item