Рехабилитациски пристап кај деца со Down-ов синдром - Лаутеслагер метод

Velickova, Nevenka (2012) Рехабилитациски пристап кај деца со Down-ов синдром - Лаутеслагер метод. In: Семинар на тема: Рехабилитациски пристап кај деца со Даунов синдром, 26.10.2012, Факултет за медицински науки, Штип.

[img] Text
Predavanje _Programa.docx

Download (42Kb)
[img] Slideshow
Rehabilitaciski pristap kaj deca so Daunov sindrom.ppt

Download (1562Kb)

Abstract

Генетските заболувања покажуваат голема разновидност како по начинот на наследувањето, така и по својата тежина, времето на појавување и траење. За да добиеме одговор на прашањата формулирани како цел на овој труд ги анализиравме причините кои влијаат за појава на Даунов Синдром и според податоците кои ги добивме, а кои се однесуваат на живородени деца со dismorphija во источниот дел на Р.Македонија староста на мајката во просек е 29 години и претходни случаеви во фамилијата нема. Што се однесува до системот на евиденција на таквите деца се соочуваме со поразен факт дека немаме речиси никаква евиденција за лицата со ДС, со исклучок на онаа од породилиштата и со непостоење на конкретна грижа и стратегија за интеграција на ваквите луѓе, со што тие би станале рамноправни и корисни членови на заедницата. Сите луѓе со Down-ов синдромќе имаат одреден степен на интелектуална попреченост. Децата со Down-ов синдром ќе научат да одат, зборуваат, но со овие развојни фази ќе се сретнат подоцна од нивните типични врсници. Напредокот во лекување и зголемениот пристап до медицинската нега, им овозможуваат подобар живот на луѓето со Down-ов синдром, како и зголемување на животниот век. Физикалната терапија (Лаутеслагер методот), може да помогне како рехабилитациски пристап кај лицата со Down-ов синдром, со единствена цел истите тие да растат и да се развиваат нормално како и другите деца на нивна возраст.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 13 Dec 2012 09:06
Last Modified: 13 Dec 2012 09:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3358

Actions (login required)

View Item View Item