Претставка против измените на Законот за вработување и осигурување во случај на навработеност (2008) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ

Apasiev, Dimitar (2010) Претставка против измените на Законот за вработување и осигурување во случај на навработеност (2008) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ. [Dataset] (Submitted)

[img] Text
Pretstavkata i Odlukata 1.pdf

Download (403Kb)
Official URL: http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0fee...

Abstract

Целта на оваа граѓанска иницијатива, која произлегува од две здруженија на граѓани ДСП „ЛЕНКА“ и „MAGNA CARTA“, беше поведување постапка за оценување на уставноста на дел од контроверзниот Закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (2008) - како општ акт, односно правен пропис донесен од страна на Собранието на Р. Македонија (т.н. конституциона, јудициелна, нормативна, репресивна и aпостериорна контрола in abstracto). Со оваа rogatio leges, со која на новопримените работници - под закана за глоба - им се наметнуваше обврска сами да се пријавуваат кај надлежните инспекциски органи доколку работодавачот не ги осигурал и не им тече стаж, законодавниот дом донесе, дотогаш десетти по ред, промени во основниот матичен Закон (Сл. весник на РМ - 37/97, 25/00, 101/00, 50/01, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, 102/08, 161/08). Уставниот суд на РМ, по направената анализа, заклучи дека целта на оваа мерка е оневозможување на несовесните работодавачи да вршат експлоатација на трудот и да не ги изигруваат обврските предвидени во Законот. Но, конкретниот начин преку кој законодавецот сакал да ја оствари целта на воспоставување на социјална дисциплина, според Судот е непропорционална и истовремено претставува оптоварување на граѓанинот, односно работникот. Ова дотолку повеќе што е неопходно взаемно функционирање на институциите на системот и нивно координирано соработување со цел за исполнување на овие предвидени законски обврски. Оттука, Судот со право оцени дека востановената обврска со Законот за работникот значи повреда на уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните, бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема сигурност во сферата на работните односи - па затоа ги укина овие оспорени одредби како противуставни!

Item Type: Dataset
Additional Information: У.Број: 103/2010-0-1
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 11 Dec 2012 10:48
Last Modified: 11 Dec 2012 10:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3334

Actions (login required)

View Item View Item