Претставка против измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (2011) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ

Apasiev, Dimitar (2012) Претставка против измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (2011) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ. [Dataset] (Submitted)

[img] Text
Pretstavkata i Odlukata 4.pdf

Download (445Kb)
Official URL: http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0fee...

Abstract

Целта на оваа граѓанска иницијатива - како своевидна „народна [јавна] тужба (Actio popularis), односно т.н. петиција за конституциона, јудициелна, нормативна, репресивна и aпостериорна контрола in abstracto - беше поведување постапка за оценување на уставноста на четвртиот рогацискиот Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Сл. весник на РМ, 53/11). За иницијаторите ДСП „ЛЕНКА“ и Асоцијацијата „MAGNA CARTA“ спорна беше одредбата којашто предвидуваше дека невработените лица кои во текот на претходната година оствариле одредено ниво на „семејни приходи“ можат да станат здравствени осигуреници само по поднесување на конститутивна Изјава за остварени приходи, чиј образец го пропишуваше Министерот за финансии. Ова, пак, покрена масовна бирократска „пререгистрација“ и непотребно малтретирање на стотици илјади невработени лица во РМ кои сакаа и понатаму да добиваат сини картони за лекување. Според образложението на Одлуката на Уставниот суд на РМ - Судот, врз основа на предочената правна аргументација, сметаше дека обврската на граѓаните кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на задолжителен придонес за здравствено осигурување да поднесуваат изјава за остварени приходи, не е во согласност со Уставот на РМ (1991) - бидејќи на граѓанинот со закон не може да му се востановуваат вакви обврски, од причина што ваква обврска може да вршат само надлежните државни институции, односно директно Управата за јавни приходи, нејзините надлежни органи и институции за социјално осигурување, но никако таа не смее да падне на товар на граѓанинот! Според Судот, востановената обврска за поднесување ваква изјава на пропишан образец, значи повреда на уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на РМ, бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема социјална сигурност во сферата на социјалната заштита, а во таа смисла и на начелото на солидарност! Вреди да се нотира фактот дека ова е мошне редок случај во македонската уставно-судска пракса фундаменталното Начело на солидарност да си го добие заслуженото место како темелна вредност на уставниот поредок на нашата Република.

Item Type: Dataset
Additional Information: U. br. 157/2011-0-1 (14.XI.2012)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 11 Dec 2012 10:46
Last Modified: 11 Dec 2012 10:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3324

Actions (login required)

View Item View Item