Opinio Iuris- Правна аргументација во корист на тужениот велешки екологист Игор Смилев

Apasiev, Dimitar (2012) Opinio Iuris- Правна аргументација во корист на тужениот велешки екологист Игор Смилев. [Dataset] (Submitted)

[img]
Preview
Text
13.) Pravna argumentacija - Smileto.pdf

Download (369Kb) | Preview
Official URL: http://www.lenka.mk/mk/pamfleti-i-letoci/-/74-----...

Abstract

Ова експертско правно мислење (opinio iuris) е подготвено за потребите на одбраната на велешкиот екологист Игор Смилев, член на Еколошката групација „Green Power“, кој заради заплашување беше тужен од страна на новиот сопственик на велешката Топилница - г. Тони Димитриоски, управител на АД „Метрудхем“. Смилев беше обвинет за стек од дури четири кривични дела од Кривичниот законик на РМ (загрозување на сигурноста, неовластено снимање, клевета и навреда). Покрај затворска казна, ако беше осуден му се закануваше и парична казна од неверојатни 20.000 ЕУР. Поради оваа алармантна неправда, правен тим на Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“, заедно со активисти на Зелената коалиција за спас на Велес, активно се вклучи во институционална и вонсинституционална одбрана на слободата на говор и на легитимноста на еколошкиот активизам на велешани во борбата против индустријалците и корпорациските профитери. Во ова правно мислење, авторот прво дава меѓунродно-правна аргументација повикувајќи се на ратификуваната Архуска конвенција (1998) т.е. на Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина; како и на судската пркса на Европскиот суд за човекови права (Стразбур); а потоа се осврнува и на домашните позитивно-правни прописи (Уставот на РМ и Кривичниот законик).

Item Type: Dataset
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 11 Dec 2012 09:59
Last Modified: 11 Dec 2012 09:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3318

Actions (login required)

View Item View Item