Case-study: Досие „ЛОЗАР“ - Студија на случај за правата на стечајните работници од велешкиот агрокомбинат

Apasiev, Dimitar (2010) Case-study: Досие „ЛОЗАР“ - Студија на случај за правата на стечајните работници од велешкиот агрокомбинат. [Dataset] (Submitted)

[img] Text
12.) Dosie-Lozar-Veles.pdf

Download (453Kb)
Official URL: http://www.lenka.mk/mk/pamfleti-i-letoci/-/36---.h...

Abstract

Оваа правна студија на случај (case study), насловена како „ДОСИЕ ЛОЗАР“, се однесува на неостварените права на стечајните работници од поранешниот велешки гигантски агрокомбинат АДАК „Лозар“ - согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година (Сл. весник на РМ, 87/08). Имено, Движењето за социјална правда „Ленка“ (Скопје, Македонија) - во соработка со меѓународната фондација „Роза Луксембург“ (Берлин, Германија) - во 2010 година, спроведе досега единствена сериозна научно-истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто се занимава со проблематиката на работничките права во Македонија од нејзинот осамостојување до денес, насловена како: „Обезвреднување на трудот – Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата“. При официјалната промоција на оваа студија во Велес (10.XI.2010), како град кој беше најмногу погоден од криминалната приватизација, остварен беше контакт со членовите на Здружението на стечајни работници од овој град - „Страв“, кадешто ни беа дадени значителен број правновалидни документи кои одат во прилог на тезата дека поранешните вработени од Агрокомбинатот „Лозар“ АД во стечај – Велес сосем неоправдано и без никакво правно издржано образложение не се земени во предвид при опфатот на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок, согласно актуелно-важечкиот, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008) – и покрај тоа што оваа мала група од 150 лица несомнено ги исполнуваат сите таксативно наведни законски услови (по принципот numerus clausus)! Како резултат на ова, правен тим започна студија на случај која - по неколку месечно теренско и архивско истражување - резултираше со аргументирано правно мислење во корист на правото на овие стечајни работници, и кое потоа беше проследено до сите релевантни надлежни државни институции (Агенција за вработување на РМ, Министерство за труд и социјална политика и Влада на РМ). Но, за жал сите наведени институции останаа глуви и не се произнесоа по ова мислење, по што работниците мораа по судски пат да бараат исправање на оваа нанесена неправда.

Item Type: Dataset
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 10 Dec 2012 16:49
Last Modified: 10 Dec 2012 16:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3282

Actions (login required)

View Item View Item