Композитни материјали

Srebrenkoska, Vineta and Dimeski, Dimko and Bogoeva-Gaceva, Gordana (2013) Композитни материјали. In: Materials engineering. Univerzitet u Novom Sadu, Tehnološki fakultet, Novi Sad, Srbija, pp. 76-87. ISBN 978-86-6253-015-8

[img]
Preview
Text (A chapter in a book)
Composite materials.pdf

Download (493Kb) | Preview

Abstract

Многу современи технологии бараат материјали со необични комбинации на својства кои не можат да бидат исполнети од страна на конвенционалните метални легури, керамиката и полимерните материјали. Во голем број индустрии потребни се структурни материјали коишто имаат ниска густина, голема јакост, тврдина, отпорност на абразија и отпорност на удар и коишто не кородираат. Таа комбинација на својства може да биде реализирана со композитните материјали. Тоа лежи во основата на филозофијата на композитните материјали кои претставуваат повеќефазен систем во кој постои значајна пропорција на својства на двете конститутивни фази, а притоа, самиот композит има супериорни својства во однос на одделните компоненти. Разните типови композити вклучуваат метални легури, керамика и полимери. Композитите се повеќефазни материјали во коишто составните фази се хемиски различни и одвоени со посебен интерфејс. Во дизајнирањето на композитните материјали, научниците и инженерите имаат можност со соодветна комбинација на различни метали, керамика и полимери да креираат нова генерација материјали со невообичаени својства. „Ако еден материјал не може целосно да ги исполни сите конструктивни барања, два или повеќе материјала можат“. Две основни барања се поставуваат при дизајнирањето на структурните компоненти од композитните материјали: 1. деформациите при оптоварувањето мора да бидат во рамките на пропишаните функционални барања и 2. композитната структура мора да биде отпорна на оштетување (кршење) во предвидениот период. За да биде тоа задоволено, потребни се информации за две важни механички карактеристики на композитниот материјал, а тоа се: крутоста и јакоста. Најголем дел од композитните материјали кои се развиени во последните години се произведени токму со цел да се подобрат нивните механички карактеристики - јакоста, крутоста, жилавоста, како и отпорноста на високи температури.

Item Type: Book Section
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Vineta Srebrenkoska
Date Deposited: 11 Dec 2012 08:44
Last Modified: 02 Oct 2013 13:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3270

Actions (login required)

View Item View Item