Подземна експлоатација на наоѓалиштето за јаглен Живојно

Bogdanovski, Zoranco and Gorgievski, Blagoja and Despodov, Zoran (2009) Подземна експлоатација на наоѓалиштето за јаглен Живојно. Зборник на трудови - Технологија на подземна експлоатација на минерални суровини (9).

[img]
Preview
Text
Podex'09-tr.3.M.Kamenica.pdf

Download (3197Kb) | Preview

Abstract

Во трудот е презентирана геологијата и подземната експлоатација на наоѓалиштето за јаглен Живојно со високопродуктивна откопна метода - метода со широко чело. Наоѓалиштетот Живојно ќе претставува сигурна суровинска база на обезбедување на ТЕЦ Битола со јаглен во идниот период. Наоѓалиштето Живојно е трето главно наоѓалиште за јаглен на Пелагонискиот регион и претставува потенцијален извор на суровинска база за термоцентралата Битола. Поради поголемата оддалеченост од ТЕ Битола и послабите можности за површинска експлоатација (повисок коефициент на откривка), искористувањето на ова наоѓалиште е предвидено за периодот после завршувањето со експлоатација на останатите поповолни јагленови наоѓалишта во пелагонискиот регион. Наоѓалиштето за јаглен Живојно се наоѓа во Пелагонискиот басен во јужна Македонија, на приближно 35км југоисточно од градот Битола. Северниот крај на лежиштето е на приближно 5 км јужно од наоѓалиштето Брод - Гнеотино и 15 км јужно од рудникот Суводол. На север е ограничено со Црна Река, а на југ со границата со Грција. Не постои природна дефинирана западна граница на наоѓалиштето Живојно и во овој дел наоѓалиштето не е испитано поради големата длабочина на која се наоѓа јагленовиот слој.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Подземна експлоатација, јаглен, отворање
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Zoran Despodov
Date Deposited: 10 Dec 2012 15:15
Last Modified: 11 Jun 2013 07:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3260

Actions (login required)

View Item View Item