Осврт на проектот „Спас на Дојранското Езеро”

Matlievska, Margarita (2012) Осврт на проектот „Спас на Дојранското Езеро”. Зборник на трудови од Научно-стручна трибина на тема „Туризмот во Дојранскиот регион”. 20 Apr 2012, Дојран, Република Македонија. pp. 65-74.

[img]
Preview
Text
Matlievska-Dojran-April-2012.pdf

Download (483Kb) | Preview

Abstract

Фокусот на овој труд е насочен кон активностите преземени со цел превенирање на еколошка катастрофа која се закануваше на Дојранското Езеро. После 1985 година, како резултат на неконтролираното испуштање вода, подолготрајните суши и преголемото испарување, количеството вода во Дојранското Езеро се намалуваше. Соочена со еколошки проблем од поголеми размери, Владата на Република Македонија покрена иницијатива “Спас на Дојранското Езеро”. Цел на истражувањето е да го презентира начинот кој се презеде за доведување дополнителни количини вода, преку хидросистем чија изградба започна во 2001 година, а првите количини вода се испумпаа во 2003 година. Токму затоа, разгледуваниот период е 2001 – 2005. Од таа причина, предмет на истражување беа податоците за нивото на водата во Дојранското Езеро пред започнување со работа на хидросистемот, и после. Врз основа на спроведената анализа на податоците за движењето на нивото на водата во Дојранското Езеро за периодот 2001 – 2005, може да се констатира дека состојбата со количеството вода е подобрена. Сепак, не може со сигурност да се заклучи дека испумпувањето на дополнителна количина вода во Дојранското Езеро е единствената причина за покачување на нивото на водата. Секако дека кон подобрување на состојбата придонесоа и пообилните врнежи. Клучни зборови: Дојранско Езеро, води, животна средина.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Margarita Matlievska
Date Deposited: 10 Dec 2012 14:22
Last Modified: 24 Sep 2013 13:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3202

Actions (login required)

View Item View Item