Култура на изразувањето

Nikolovska, Violeta (2012) Култура на изразувањето. Violeta Nikolovska, Skopje. ISBN 978-9989-57-874-8

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_violeta.nikolovska_Desktop_repositorium_korica (5).pdf

Download (48Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
kultura na izrazuvanjeto.pdf

Download (792Kb) | Preview

Abstract

Културата е важен сегмент во животот на човекот. Таа се врзува со идентитетот, стилот, естетиката. Културата во изразувањето значи однегуваност, благородност. Изразувањето е всушност, комуникација. Кому- никацијата е најчесто вербална и намерна. Меѓутоа, се изразуваме и свесно или несвесно и естетски, етички, еколошки. Во првиот дел од книгата зборуваме поопшто за културата во комуникацијата, а во вториот дел – за културата во јазичното изразување. Ја анализираме состојбата со културата на изразување во јавната комуникација. Укажуваме на местото што културата на изразување треба да го има во една општествена заедница: во образованието, медиумите, издаваштвото, администрацијата. Приложуваме и некои модели кои треба да се следат во усното и писменото изразување. На крајот, обрнуваме внимание на тоа што е лите- ратурнојазична норма – нормата на еден стандарден јазик. Зборуваме и за тоа како се одбира, како се развива и како се негува нормата на стандардниот јазик, која е составен дел на културата на јазичното изразување. Даваме насоки како да се гради свеста за култура во изразувањето, како да се оствари нејзино издигнување на повисоко ниво. Книгата содржи и мал избор од трудови на авторот во врска со посочениве теми и проблеми, подготвени по различни поводи: научни собири, конгреси, списанија.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 07 Dec 2012 13:26
Last Modified: 28 Sep 2015 08:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3163

Actions (login required)

View Item View Item