Содржина на некои биогени елементи и други физиолошки карактеристики кај пиперка (capsicum annuum l.) добиени во in vivo и in vitro услови

Koleva Gudeva, Liljana and Trajkova, Fidanka and Ilievski, Mite (2010) Содржина на некои биогени елементи и други физиолошки карактеристики кај пиперка (capsicum annuum l.) добиени во in vivo и in vitro услови. Годишен зборник 2010 - Yearbook, 10. pp. 69-79. ISSN 1409-987X

[img]
Preview
Text
Yearbook, 2010 69-79.pdf

Download (493Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/zbornici.html

Abstract

Апикални пупки од пиперка (Capsicum annuum L.) беа изолирани од асептички из’ртени семиња, а потоа беа култивирани на МS медиум (Murashige and Skoog) со различни концентрации и комбинации на фитохормони. По четири недели, од почетните експлантати во култура на апикалните пупки во in vitro услови, беа добиени изданоци. По осум недели регенерантите се префрлија од стерилни лабораториски услови во нестерилни услови, каде се аклиматизираа и адаптираа на надворешната средина. Регулаторите на растењето имаат влијание на транслокацијата на минералните материи во вегетативните органи кај растителните видови. Цел на овие истражувања беше да се утврди содржината на некои биогени елементи и некои фотосинтетски пигменти кај пиперка произведена во in vivo и in vitro услови. Резултатите покажаа дека конвенционално произведените растенија во in vivo услови, кои служеа како контрола, споредени со in vitro добиените растенија имаа сигнификантни разлики само кај неколку од испитуваните карактеристики. Настанатите разлики се должат, пред сè, на различниот хормонален третман во фазите на подготовка на расадот. In vitro добиените растенија имаа тенденција за зачувување на јувинилните карактеристики т.е. за подмладување, својство кое е докажано и со резултатите од испитуваните параметри. Клучни зборови: микропропагација, морфогенеза, фитохормони, апикални пупки.

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 04 Dec 2012 08:12
Last Modified: 04 Dec 2012 08:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2989

Actions (login required)

View Item View Item