Распоред на машинскиот парк во линија за монтажа на џинс

Zhezhova, Silvana and Golomeova, Saska and Risteski, Sanja (2010) Распоред на машинскиот парк во линија за монтажа на џинс. Тенденции в развитието на индустриалните системи и технологии. ISSN 1314 - 0183

[img]
Preview
Text
Распоред на машински парк во линија за монтажа на џинс - Copy.pdf

Download (491Kb) | Preview

Abstract

Апстракт: Џинс производите и покрај одредени осцилации во различни периоди заземаат значајно место во облекувањето на луѓето. Денес џинс облеката се користи во секакви прилики, па дури и во најсвечените, а побарувачката на џинс облеката во светски рамки е извонредно голема. Конкуренцијата за конфекционирање на џинс облека е многу голема. Денес се применуваат CAD/CAM системи, најнови шивачки машини со висок степен на автоматизација, се со цел да се остане конкурентен на пазарот и да се задржат купувачите. Во трудот е дискутирана методологијата за изработка на класична петоџебна џинс фармерка и проектирана е линија за монтажа со дневен капацитет од 350 конфекциски единици. Преку технолошка анализа дефинирани се технолошките операции на шиење и избрани се средствата за работа, изработен е план за монтажа и план на технолошките операции. Во следната фаза е изработен планот на технолошкиот процес каде се утврдени потребниот број на оперативни работници и машини за реализација на зададениот дневен капацитет. На крај е проектиран распоред на машините и работниците во линијата за монтажа. Клучни зборови: џинс облека, шивачки машини, план за монтажа, степен на искористување на машините.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sanja Spasova
Date Deposited: 03 Dec 2012 11:39
Last Modified: 29 Mar 2018 11:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2861

Actions (login required)

View Item View Item