Промотивни активности (учебник)

Petrevska, Biljana and Blazeska, Daliborka (2020) Промотивни активности (учебник). Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-772-8

[thumbnail of Promotivni aktivnosti_intro.pdf]
Preview
Text
Promotivni aktivnosti_intro.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Ракописот е наменет првенствено за студентите што го изучуваат предметот Промотивни активности на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Основна цел е да им помогне на студентите во совладување на најважните теми од областа на туристичката промоција. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии.
Начинот на претставување на основните економски поими и задачите поврзани со нив се многу пристапни. Оттука и можноста за користење на овој материјал не само од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, туку и пошироко. Имајќи предвид дека е ова прво издание, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци, па секоја сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Учебникот е напишан со јасен и разбирлив јазик, методолошки структуриран во пет дела кои меѓу себе се надополнуваат. Секој дел започнува со кратко информативно појаснување за точките што ја обработуваат главната тема. Воедно, поставени се целите на учење што студентите треба да ги постигнат. Во секоја тема се вклучени примери чија цел е сликовито да ја прикажат материјата и да ја доближат до студентите. По секоја тема се понудени прашања за дискусија, што им овозможува на студентите да проверат дали ја разбрале наставната материја целосно. Истовремено, дадени се 10 вежби преку кои дополнително се појаснува материјалот низ анализа на практични случаи. На крајот на ракописот се соодветно нотирани библиографските единици.
Учебникот се состои од пет дела кои ги покриваат најзначајните теми што вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, во првиот дел започнато е со најелементарните поими, кои се однесуваат на запознавање со поимот промоција. Вториот дел дава преглед на основните поими креативност и препознатливост кои се предуслов за успешна промоција. Основните форми на промотивни активности детално се обработени во третиот дел. Имајќи предвид дека средствата и медиумите за туристичка промоција се неминовни во целокупниот процес на промоција, тие се презентирани во четвртиот дел. Последниот, петти дел дава приказ на теоретските основи на планирањето на промотивните активности.

Item Type: Book
Additional Information: DOI https://www.doi.org/10.46763/9786082447728
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 30 Nov 2020 10:02
Last Modified: 30 Nov 2020 10:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26833

Actions (login required)

View Item View Item