Дигитални уреди и човечки очи

Gazepov, Strahil (2020) Дигитални уреди и човечки очи. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 41 (3). pp. 601-606. ISSN 2545-4439

[thumbnail of DIGITAL DEVICES AND HUMAN EYES.pdf]
Preview
Text
DIGITAL DEVICES AND HUMAN EYES.pdf

Download (879kB) | Preview

Abstract

Миопијата или кратковидост е рефректорна аномалија каде паралелните светлосни зраци кои
влегуваат во окото после прекршувањето преку рожницата и леќата се собираат со фокус кој е пред
мрежницата во стакловидното тело, наместо да паднат на мрежницата во центарот за јасен вид, каде
светлосните зраци се дивергираат и ствараат разлеана слика на објектот кој моментално окото го набљудува.
Во последната деценија се зголемува бројот на кратковиди луѓе, а за тоа се смета дека главни виновници се
екраните во кои секојдневно гледаме. Кратковидоста може да доведе и до опасни пореметувања како што се глаукомата и аблација на ретината. Според една теорија луѓето се почесто читаат одблиску поради
постојаната употреба на мобилните телефони, што и доведува до развој на миопија. Во светот околу 25% од
населението е кратковидо. Луѓето кои се кратковиди не гледаат остри предмети во далечина, односно тие им
се матни и нејасни. Првите знаци на миопија може да бидат: непрепознавање на лицата на луѓето од другата
страна на улицата, заматен превод на телевизија, нејасни сообрајќајни знаци за време на ноќно возење и сл.
Процентот на времето кое го трошиме гледајќи во екраните на паметните уреди, како што се мобилни
телефони, компјутери, таблети и сл. драстично е зголемен во последните неколку години. Дигиталното
оптоварување на очите, понекогаш се нарекува синдром на компјутерски визии. Најчести симтопми при
такво дигитално оптоварување се: суви и раздразливи очи, заматен вид, замор или болка во главата. Во
извештајот за 2015г. од ,,Советот за визија” кој гласи ,,Заштите ги очите од дигиталните уреди” било
документирно дека 61% од Американците доживеале напрегање на очите по долготрајна употреба на
дигитални уреди, скоро 2 од 3 лица. Бидејќи тие емитуваат тн. HEV светлина ( односно сина светлина )
долготрајното гледање во екран на мобилни уреди или таблети, всушност може да доведе до трајно
оштетување на очите. HEV светлината е тој дел од видливиот спектар на светлината што содржи светлина со
најкратки бранови должини кои носат најголем потенцијал за оштетување на живото ткиво.Многу научници
и изтражувачи за грижа за окото се загрижени за потенцијалните штетни ефекти на високо – енергетската
видлива светлина HEV, што ја испуштаат дигиталните уреди, затоа што многу студии покажале дека
изложеноста на оваа видлива светлина може да го оштети ткивото во мрежницата на окото на начин што се
појавува во согласност со промените на мрежницата поврзани со макуларна дегенерација, што и е водечка
причина за трајно губење на видот. Но до ден денес не се знае со сигурност дали прекумерната употреба на
мобилни телефони предизвикува доволно изложеност на HEV светлина која доведува до трајно губење на
видот. Напорите за забавување на прогресијата на миопијата се огромни поради нејзиниот однос кон
развојот на сериозни патолошки состојби како што се макуларна дегенерација, ретинални одлепувања,
глаукомот и катарактата. Земајки ги во предвид патолошките компликациите од миопијата и други сериозни
патолошки состојби поврзани со болеста,миопијата не само што негативно влијае на самоперцепцијата,
работата односно изборот на работната професија во сооднос со окуларната здравствена состојба таа
претставува и една од водечките причини за слепило во светот. Се проценува дека до 2050 година една
пловина од светксата популација ке има рефректорна аномалија-миопија.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: кратковидост, глауком, аблација на ретина
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Strahil Gazepov
Date Deposited: 03 Sep 2020 09:05
Last Modified: 03 Sep 2020 09:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24414

Actions (login required)

View Item View Item