Примена на методи и техники во системи

Mitreva, Elizabeta (2020) Примена на методи и техники во системи. Универзитет "Гоце Делчев", Факултет за туризам и бизнис логистика, Гевгелија, 2020, Штип. ISBN 978-608-244-708-7

[thumbnail of merged.pdf]
Preview
Text
merged.pdf

Download (582kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се презентирани методи и техники за управување со процесите во рамките на индустријата и се разработени примери за оценка на истите во реални услови. Управувањето со процесите како клучен фактор за освојување на купувачите, значи континуирана потрага по најдобри технички, технолошки, маркетиншки и други унапредувања и подобрувања кои ќе ги произведат саканите резултати, а тоа е задоволството на потрошувачите и профитот.
Во сублимирањето на трудот, авторот се послужи и со голем материјал обезбеден како резултат на долгогодишната работа во оваа област, каде што имаше прилика да учествува во работата на бројни стручни и научни собири поврзани со бизнисот на претпријатијата и примената на методите и техниките за квалитет како предуслов за да се опстои на пазарот.
Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на македонските производи со повисок квалитет на светските пазари. Во многу компании нема јасна слика и идеја што треба да се усоврши. Политиката е јасна, но стратегијата како да се дојде до целта, за многу менаџери е голем проблем. Новата стратегија кон квалитетот, наречена Интегрално управување со квалитетот или Тотално управување со квалитетот (TQM), дава одговор на прашањата: Што сакаат клиентите? Што треба да се направи? Кои процеси треба да се користат? и др. Се анализира состојбата, се формулира проблемот и се користат повеќе методи за решавање.
Новите светски текови се темелат на сознанието дека квалитетот не се создава таму каде што се контролира производот, туку се создава во сите деловни процеси, во сите организациони целини на претпријатието и за тоа мора секаде да се контролира. На тој начин, за квалитетот на производот не е одговорен само Секторот за производство, туку и Секторот за набавка на суровини и резервни делови, енергија, машини, одржување на машините и алатите, Комерцијалната служба за склучување на купопродажни договори, Службата за развој, за маркетинг, за продажба, за пакување и др. Со оваа стратегија, контролата излегува од рамките на производството и се проширува во сите пори на организацијата на претпријатието, а квалитетот добива нови димензии, не само квалитет на производите, туку и квалитет на работењето и организирање на работењето.
Проактивното работење започнува со анализа на деловната организираност, потоа се продолжува низ анализата на барањата на интерните и екстерните купувачи, а се завршува со детално дефинирање на процесот. Секојдневната практика на секој вработен не треба да биде само контрола во работењето, туку вработените мора да бидат обучени да делуваат превентивно, а не да се окупирани со детекција, мора да добијат одговорност и моќ да ги коригираат своите грешки и да го изнесуваат секој проблем во врска со квалитетот што ќе го откријат. На таков начин ќе се овозможи унапредување на квалитетот на производите, поголема конкурентност, поголема продуктивност, производство на производи со повисока фаза на преработка, намалување на трошоците и сл.
Книгата може да послужи и на сите стручни кадри кои се вработени во Бизнис секторот со цел подобрување на квалитетот на производите, деловните процеси и услугите кои ги нудат.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 08 Jun 2020 06:35
Last Modified: 10 Jun 2020 05:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24085

Actions (login required)

View Item View Item