„Имињата на времињата“ како мост за патување во минатото, историјата, сегашноста

Denkova, Jovanka (2019) „Имињата на времињата“ како мост за патување во минатото, историјата, сегашноста. Стожер (133). pp. 42-44. ISSN 1409-6005

[img]
Preview
Text
имиња.pdf

Download (526Kb) | Preview

Abstract

Книгата „Имињата на времињата“ од Марија Емилија Кукубајска е објавена во 2018 година. Ова не е прв проект од ваков тип на Марија Кукубајска. Авторката, член на ДПМ и пензиониран професор по англо-американска книжевност, култура и цивилизација и претходно има направено вакви освежувачки пројави во книжевноста за деца. И збирката „Имињата на времињата“ по својот концепт не е нова во книжевноста за деца. И порано имало слични стихозбирки во кои авторите ги запознаваат младите читатели со месеците во годината на интересен и пристапен начин. Меѓутоа, она што е ново во оваа значајна збирка мини детски есеи, е успешно остварената визија на авторот, на толку мал простор, да вклопи дванаесет кратки есеи. Можеме да ги наречеме есеи, но и поетско-прозни приказни. Овие есеи се исклучителни по својата воспитно-образовна функција, која е олицетворена во објаснувањата кои се даваат за секој месец, каде освен новите се даваат и нивните стари називи, според стариот календар на Старите Словени.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 02 Apr 2020 18:57
Last Modified: 02 Apr 2020 18:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23963

Actions (login required)

View Item View Item