Шаманистички реликти во русалискиот обреден комплекс

Vitanova-Ringaceva, Ana (2019) Шаманистички реликти во русалискиот обреден комплекс. Годишен зборник 2019 - Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Zbornik na trudovi 14.pdf

Download (3736Kb) | Preview

Abstract

Трансните ритуални игри кои егзистирале на просторите на Балканскиот Полуостров, покажуваат големи сличности со шаманската обредна практика која постоела, но и сè уште постои на местата кои се сметаат за жариште на шаманизмот како религиозен феномен. Русалиските игри во Македонија, Бугарија, Романија и Србија, содржат компоненти кои ги поврзуваат, но и такви по кои се разликуваат. Меѓутоа, заедничко за сите нив е целта со која се изведуваат, а тоа е плодородие, истерување на злото и заштита од него како и лекување на болни. Овие цели пред себе си ги поставуваат и повиканите за шаманскиот позив. Иако, просторно и временски неверојатно оддалечени, русалиските игри и шаманистичките обредни активности отвораат простор за повлекување асоцијативна врска, која овозможува детекција на сличностите кои се во фокусот на нашето истражување.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 12 Mar 2020 13:29
Last Modified: 12 Mar 2020 13:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23914

Actions (login required)

View Item View Item