Семантостилемата „рака“ во романот „Ана Каренина“ од Лав Николаевич Толстој (морфостилистички и семантостилистички третман на детаљот-рака)

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2019) Семантостилемата „рака“ во романот „Ана Каренина“ од Лав Николаевич Толстој (морфостилистички и семантостилистички третман на детаљот-рака). Актуальные проблемы стилистики (номер 5), Ежегодный международный научный журнал Факультет журналистики Московского государственного университета имени М. В. Ломоносова Москва 2019. ISSN 2312 9751

[img]
Preview
Text
Lusi Karanikolova Cocorovska trud Zbornik Lomonosov.pdf

Download (1619Kb) | Preview

Abstract

Во оваа статија правиме обид за морфостилистички, односно семантостилистички третман на една од најфреквентните семантостилеми во романот „Ана Каренина“ од Лав Николаевч Толстој, детаљот-рака. Всушност, станува збор за интертекстуален пристап кон овој наративен ентитет, што ја доближува анализата до афинитетите на текст – лингвистиката. Семантостилемата рака е показател на душевната состојба на Толстоевата насловна хероина. Но, за да се стигне до таа семантичка одредница, нашата анализа поминува низ неколку фази: најнапред изолација на семантостилемата-рака, потоа потенцирање на континуитетот што таа го покажува по однос на нејзината стабилна семантика (=приказ и показ на душевната состојба на Ана Каренина) низ севкупната маса на романот, како и укажување на значенските (=семантички) варијации на овој исклучително значаен детаљ во романот, во зависност од контекстот, но и надвор од него. Семантостилемата рака се анализира и морфостилистички, така што се води сметка за афективната вредност на суфиксите и префиксите, но и за значењето и изразноста на детаљот-рака како збор. Се испитува и специфичната тежина на оваа семантостилема како матафора. Нашата цел е да се прикаже ефектноста и функционалноста на еден навидум мал, минијатурен наративен ентитет, кој обезбедува суштинско и трајно значење во обемната нарација на романот. Клучни зборови: текст-лингвистика, дискурзивна стилистика, семантостилистика, морфостилистика, семантостилема – рака, детаљ – рака, метафора.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 10 Mar 2020 13:15
Last Modified: 10 Mar 2020 13:15
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23908

Actions (login required)

View Item View Item