Улогата на менаџерот за унапредување на продажбата, со осврт на дрвната индустрија

Micev, Stefan (2020) Улогата на менаџерот за унапредување на продажбата, со осврт на дрвната индустрија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерска Стефан Мицев Лекторирана и средена пдф примерок -converted.pdf

Download (1337Kb) | Preview

Abstract

Живееме во мошне брзо и динамично време каде што за беспрекорно функционирање на една компанија се потребни добро обучен менаџер и менаџерски тим за да може компанијата да оствари профит и да се одржи на пазарот, како и да се носи чекор со чекор со конкуренцијата, па и да ја надмине. Секојдневните зголемени обврски на менаџерите налагаат формирање менаџерски тимови за поефикасно и поефективно работење во компаниите, што не значи дека ќе биде поекономично. Најважно е да се зголеми профитот и да се унапреди продажбата, а со тоа да се стане лидер на пазарот. Менаџерот претставува водач, организатор, координатор, мотиватор, одлучувач и супервизор во работењето на едно претпријатие со целокупните негови ресурси, па затоа менаџирањето е еден од најважните фактори во работењето на претпријатието и целокупниот бизнис. Во ова брзо и динамично време во коешто живееме, менаџерите се свесни дека за унапредување на продажбата во нивните компании мошне важно е колку менаџерот знае, како и на кој начин ги употребува информациите што ги знае, колку брзо учи нешто ново и сл. Така, со овој труд ќе откриеме која е навистина улогата на менаџерот за унапредување на продажбата и како менаџерот функционира во практиката. Главната цел на компаниите е максимизирањето на профитот, а главната улога ја има менаџерот во компаниите којшто е одговорен за унапредување на продажбата и унапредувањео на конкурентноста на компанијата на пазарот. Клучни зборови: менаџер, претпријатие, продажба, унапредување на квалитетот на работењето.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 24 Feb 2020 08:35
Last Modified: 24 Feb 2020 08:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23844

Actions (login required)

View Item View Item