Говорниот чин „одбивање“ и негова реализација кај македонските изучувачи на странски јазик

Ivanovska, Biljana (2019) Говорниот чин „одбивање“ и негова реализација кај македонските изучувачи на странски јазик. Зборник на трудови / ФИЛКО Четврта меѓународна научна конференција, 23-25 маj 2019. ISSN 978-608-244-698-1

[img]
Preview
Text
труд.pdf

Download (3798Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe.

Abstract

Оваа студија за говорниот чин одбивање се заснова на анализа на неприфаќањето, односно одбивање на одредено барање, понуда или покана, реализирани во меѓујазикот кај македонските изучувачи на странски јазик (германски). Истражувањата се засноваат на начините на кои се изведува овој говорен чин, семантичките форми, стратегиите и анализата која се базира од нивното истражување. Оваа студија треба да покаже како изучувачите на германски како странски јазик го формулираат овој говорен чин, дава приказ на изборот на нивната перспектива, должината на изразите и степенот на наметнување. При анализата на овој говорен чин се осврнуваме на истражувањата на Робинсон (Robinson, 1991), Блум-Кулка и сор. (Blum-Kulka et.al., 1989), Бекерс (Beckers, 1999), Хаиаши (Hayashi, 2000) и др. Врз основа на овие теоретски постапки изведуваме емпириска анализа. Посебено се истражуваат комуникациските способности на македонските изучувачи на германскиот јазик. Бројот на овој вид студии во Р. Северна Македонија е многу мал и постои потреба од нивно зголемување и од развивање нови методи за собирање материјал за анализа и негова обработка. Во приложениот труд анализите се направен со инструментот „игра по улоги“, а учесници се студенти од Филолошкиот факултет при УГД во Штип и од УЈИЕ од Тетово од Р. Северна Македонија. Резултатите и анализите можат да придонесат за проучување на прагматичките компетенции кај изучувачите по странски јазик и за развивање курикулуми и модули за правилно усвојување на конкретниот говорен чин. Клучни зборови: говорни чинови, прагматичка компетенција, игра по улоги

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 24 Feb 2020 08:30
Last Modified: 24 Feb 2020 08:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23838

Actions (login required)

View Item View Item