Оксиморонот во „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски

Mladenoski, Ranko (2019) Оксиморонот во „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски. Зборник на трудови од Четвртата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), IV (4). pp. 240-247. ISSN ISBN: 978-608-244-698-1

[img]
Preview
Text
Mladenoski trud FILKO 4 Voronjez 2019.pdf

Download (986Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/346...

Abstract

Трудот претставува книжевно-теориска интерпретација на оксиморонските поетски структури во збирката „Нежното срце на варварот“ од македонскиот автор Венко Андоновски. Целта на ова истражување е да се провери (да се потврди или да се отфрли) работната хипотеза дека стиховите во оваа поетска збирка од Андоновски се доминантно оксиморонски со оглед на оксиморонскиот карактер на насловот на стихозбирката. Во таа смисла, ќе се истражува и присуството на уште неколку стилски фигури кои според својата структура гравитираат кон оксиморонот како семантичка метабола: парадокс, тавтологија, плеоназам и иронија. При интерпретацијата ќе се оперира со општите научно-истражувачки методи како што се анализа, синтеза, индукција, дедукција и компаративниот метод со чија помош ќе се дојде до заклучокот во кој се афирмира поставената работна хипотеза за доминацијата на оксиморонот во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Андоновски.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 24 Feb 2020 08:29
Last Modified: 24 Feb 2020 08:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23837

Actions (login required)

View Item View Item