Истражно и експлоатационо дупчење во наоѓалиштето Свиња - Река - Саса

Peltekovski, Zlatko and Stojanovski, Venco and Spasovski, Orce (2008) Истражно и експлоатационо дупчење во наоѓалиштето Свиња - Река - Саса. Зборник на трудови - II стручно советување со меѓународно учество, Подекс '08. pp. 1-14.

[img] Text
Sovetuvawe Sasa.pdf

Download (6Mb)

Abstract

Истражното дупчење се применува во сите фази на проспекција и истражување на наоѓалиштата на минералните суровини. Научно - техничкиот прогрес и технологијата на процесот на дупчењето во последните години овозможува не само проширување доменот на примената на истражното дупчење туку и зголемување на неговата ефикасност и подигање на повисоко ниво. Во последните неколку години се направени големи напори на техничко технолошкото осовремување на процесот на дупчењето и воведување на специфични технологии кои овозможуваат изработка на дупнатини со многу сложени траси со цел просекување на истражуваниот објект во сите правци и со непрекината контрола на изработката на дупнатините со примена на современи системи за управување и контролно мерни иструменти. Со оглед дека најголем дел од наоѓалиштата на минерални суровини се недостапни за непосредно набљудување, за согледување на просторните параметри (положба, димензии, морфолошки облик) и геолошко економските карактеристики (квалитет и количина на минералната суровина) истражното дупчење завзема доминантно место. Во трудот ќе биде прикажана примената на истражното дупчење во фазата на истражувањето и експлоатацијата на наоѓалиштето Свиња Река, со посебен осврт на значењето на применетото дупчење во периодот од неговото рестартирање. Имено, истражното дупчење во минатото претставувало, во сегашноста е, и во иднина ќе претставува основа за успешното работење на рудниците Саса. Досега изведеното истражно и експлоатационо дупчење овозможува продолжување на рударските активности, заштеди на пари и време, и затоа истото ќе продолжи и во иднина да се користи со тенденција да се зголеми бројот на издупчени метри.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: истражно дупчење, наоѓалиште, Свиња Река, рудни тела, хоризонт, подетажи, дупнатина
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Orce Spasovski
Date Deposited: 28 Nov 2012 14:20
Last Modified: 11 Jun 2013 07:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2377

Actions (login required)

View Item View Item