Клиничка фармакологија (скрипта)

Balkanov, Trajan and Darkovska-Serafimovska, Marija and Arsova Sarafinovska, Zorica (2019) Клиничка фармакологија (скрипта). ISBN 978-608-244-665-3.

[img]
Preview
Text
Skripta Klinicka farmakologija.pdf

Download (367Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/858

Abstract

Скриптата „Клиничка фармакологија“ е наменета првенствено за студентите на студиските програми по Фармација и Општа медицина кои го слушаат предметот Клиничка фармакологија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Со помош на овој текст студентите ќе се запознаат со поимот и дефиницијата за Клиничка фармакологија, улогата и задачите во современиот интегриран здравствен систем. Оваа скрипта ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите знаења за интеракциите на лековите и несаканите дејства на лековите, да ги препознаваат лековите со висок потенцијал за појава на интеракции, како и групите пациенти со зголемен ризик за интеракции на лековите. Во текстот се повторуваат и се утврдуваат и најважните поими од областа на Клиничката фармакологија, посебно фармакокинетиката и патологијата како услов за корекција на дозата на лековите во широк опсег на клинички случаи. Студентите ќе се запознаат со начинот на препишување на лекови како кај општата популација така и кај одделни патолошки состојби (бубрежна и хепатална инсуфициенција) и секако корекциите на дозирањето кои треба да се извршат во согласност со физиолошките промени кои настануваат во текот на стареењето. Посебно се обрнува внимание на препишувањето на лекови во текот на бременоста и лактацијата, како и кај мали деца. Посебно поглавје во ова учебно помагало е посветено на интеракциите на лекови, јатрогените болести и терапијата на болка

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 04 Feb 2020 13:15
Last Modified: 04 Feb 2020 13:23
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23713

Actions (login required)

View Item View Item