Дентални фокални инфекции

Kovacevska, Ivona (2019) Дентални фокални инфекции. In: Симпозиум со меѓународно учество „Современи трендови во дентална медицина", 23 March 2019, Skopje, Macedonia. (Submitted)

[img]
Preview
Text
Simpozium%20Skopje.pdf

Download (645Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Presentation.pdf

Download (9Mb) | Preview

Abstract

Иако за бактериската трансмисија се знае од времето на Гален, поинтензивно, во дваесеттите години на минатиот век, за прв пат се спомнуваат фокалните инфламаторни состојби, со кои се дисаминираат микроорганизми или нивните токсини и нус продукти во оддалечени ткива и органи со единствена цел нарушување на нивниот интегритет. При овие асимптоматски состојби, примарниот фокален статус најчесто се наоѓа во устата. Фокусните заболувања може да се дефинираат и како еден тип на автоимуни процеси, каде што патолошкиот агенс од еден орган (фокално жариште) предизвикува промени на орган кој што е дефиниран како целен, фокален орган и предизвикува нарушување на неговата нормална функција. Имајќи во предвид дека најчести фокални инфекции во организмот се тонзилите, синусите и најмногу инфективните процеси во оралната празнина, во предавањето ќе бидат презентирани современите аспекти на фокалозите во контекст на дијагностиката, детерминацијата, можните системски консекутивни пореметувања и заболувања во организмот. Секако, во функција на зачувување на оралното здравје како интегриран дел на целокупното здравје во организмот, ќе се осврнеме и на тераписките избори и постапки при денталните фокални инфекции.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 03 Feb 2020 12:23
Last Modified: 03 Feb 2020 12:23
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23690

Actions (login required)

View Item View Item