„Американски предавања“ од Итало Калвино

Velinova, Eva (2019) „Американски предавања“ од Итало Калвино. Годишен зборник 2019 - Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, 10 (14). pp. 113-117. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
13.pdf

Download (3280Kb) | Preview

Abstract

Американски предавања: шест предлози за новиот милениум, претставува збир на предавањата кои писателот на кратки раскази и новели Итало Калвино, еден од водечките претставници на италијанскиот неореализам, ги беше наменил како одговор на поканата од Универзитетот Харвард, Кембриџ, во Масечусетс. Предавањата требаше да бидат одржани во склоп на т.н. Charles Eliot Norton Poetry Lectures, што претставувало видна почест, со оглед на претходните предавачи на овие поетски читања, меѓу кои Елиот, Борхес, Стравински... Ненадејната смрт на Калвино не му дозволила да го заврши последното, шесто предавање, така што остануваат петте предавања, секое насловено со цел да изрази некоја од вредностите за кои Калвино смета дека ќе ѝ бидат потребни на книжевноста во следниот милениум. Станува збор за вредностите на леснотија, брзина, точност, видливост и многустраност на книжевното дело коишто ќе ги презентираме во следното излагање.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Eva Gorgievska
Date Deposited: 03 Feb 2020 11:03
Last Modified: 03 Feb 2020 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23663

Actions (login required)

View Item View Item