Анализа на трговските релации меѓу Европската Унија и Русија

Cabuleva, Kostadinka and Miteva-Kacarski, Emilija and Paceskoski, Vlatko (2019) Анализа на трговските релации меѓу Европската Унија и Русија. Godisen zbornik, 18. pp. 79-84. ISSN 1857-7628

[img]
Preview
Text
Analiza na trgovskite relacii megu Evropskata Unija i Rusija (1).pdf

Download (1607Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/ekonomsk...

Abstract

Сѐ до приклучувањето на Русија во Светската трговска органзација (СТО), кое се случи во 2012 година, политичките и економските односи на ЕУ со Русија се засновани на Договор за партнерство и соработка. Договорот има за цел да промовира трговија и инвестиции и да развие хармонични економски односи меѓу ЕУ и Русија. Од 2012 година, кога Русија се приклучи кон СТО, трговските односи меѓу ЕУ и Русија се регулираат со правилата на СТО. Надворешната трговска размена помеѓу овие две земји во анализираниот период бележи континуиран раст сѐ до 2008 година, додека во 2009 година е забележан пад на трговската размена поради настанатата економска криза која го зафати светот. Трговската размена бележи пад и во 2013 година, а тоа се должи на економската криза во Русија. Во 2014 година ЕУ воведе и прошири низа дипломатски и економски санкции против Руската Федерација во знак на протест поради вмешаноста на Русија во дестабилизирање на Украина и прекршување на територијалниот интегритет на Украина. Како резултат на воведените санкции, трговската размена меѓу ЕУ и Русија бележи пад. Клучни зборови: Европска унија, Русија, трговија, СМТК.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 30 Jan 2020 12:50
Last Modified: 30 Jan 2020 12:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23614

Actions (login required)

View Item View Item