Когнитивен пристап за значењето на предлозите

Markoska, Nadica (2019) Когнитивен пристап за значењето на предлозите. Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 4 (8). pp. 47-56. ISSN 2545-3998

[img]
Preview
Text
Когнитивен пристап за значењето на предлозите.pdf

Download (267Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/issue/view/184

Abstract

Апстракт: Во овој труд ќе се обидеме да го претставиме когнитивниот пристап за опишување на значењата на предлозите. Класичниот пристап во целост го занемарувал прашањето за поврзаноста на различните значења или претпоставувал дека различните значења меѓусебно се поврзани сосема случајно. Ваквиот пристап е присутен во речниците, во традиционалните граматики и во учебниците за изучување на странски јазик. Кај когнитивниот лингвистички пристап се развива нов начин на опишување на значенските варијации на предлогот. Овој пристап им приоѓа на предлозите како на повеќезначни јазични единици при што различните значења се системски поврзани меѓу себе и создаваат значенски мрежи. Значењето на полисемиските јазични единици какви што се предлозите се темели на основната хипотеза на когнитивната лингвистика според која јазичните единици не се однесуваат на објектите во надворешниот свет, туку на концепти во човековиот ум. Тоа значи дека семантичката структура се изедначува со концептуалната структура, односно значењето се поистоветува со концептот. Целта на овој труд е да ја објасниме основната хипотеза на когнитивната лингвистика, односно дека различните значења на предлозите се поврзани во значенска мрежа која се формира од прототипното значење. Клучни зборови: когнитивен пристап, предлози, семантика, значенска мрежа, протитипно значење, концептуална метафора.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 30 Jan 2020 12:35
Last Modified: 30 Jan 2020 12:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23578

Actions (login required)

View Item View Item