Детекција на трансфузиски трансмисивни заболувања во изминатите десет години во Регионалниот Центар за Трансфузиона медицина во Штип

Veresa, Viktor and Kamcev, Nikola and Sorova, Meri and Delipetrov, Riste (2012) Детекција на трансфузиски трансмисивни заболувања во изминатите десет години во Регионалниот Центар за Трансфузиона медицина во Штип. In: Симпозиум на микробиолози на Македонија, 3-7 Oct 2012, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Симпозиум на микробиолози, 2012.pdf

Download (1497Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (133Kb) | Preview

Abstract

Обезбедувањето на сигурна трансфузија на крв и крвни деривати е од посебно значење за современата медицина, имајќи во предвид дека одредени инфекции во организмот се пренесуваат токму преку крвта, нејзините клеточни концетрати и плазма компоненти. Од таа причина утврдувањето на сигурна регулатива за начинот на земање на крв и нејзина контрола е важен императив и мотив за изработката на овој специјалистички труд. Со сеопфатна статистичка анализа успеавме да ги детектираме најчестите инфекции кои потенцијално можат да бидат пренесени на друг организам. Целоснотo елаборирање на резултатите од овој труд ја покажува процентуалната застапеност на HBsAg (1,32%), анти-HCV (0,45%), анти-HIV (0,003%) и Treponema pallidum (0,10%) кај крводарителската популација, на досега утврдените трансфузиски трансмисивни заболувања, вулнерабилните групи на крводарители (возраст, пол, склоност кон одредени инфекции), степенот и ефикасноста на серолошката дијагностика применувана во Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Штип во изминатите 10 години и начинот на превентива и дополнителна едукација на населението за ширењето на трансфузиските трансмисивни заболувања. Овие резултати (претходно нотирани) укажуваат на потребата од постојана серолошка дијагностика и задолжителното тестирање на секоја крвна единица со ELISA тестови со висока сензитивност и специфичност, како и превземање на соодветни превентивни мерки, со што би се намалиле последиците од поголем број на трансфузиски трансмисивни заболувања.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 29 Jan 2020 10:18
Last Modified: 29 Jan 2020 10:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23556

Actions (login required)

View Item View Item