Административно право и административна постапка

Denkova, Jadranka (2019) Административно право и административна постапка. In: Административно право и административна постапка. Универзитет Гоце Делчев Штип, Штип, pp. 1-400. ISBN 978-608-244-647-9

[thumbnail of ZA REPOZITORIUM-1-14.pdf]
Preview
Text
ZA REPOZITORIUM-1-14.pdf

Download (383kB) | Preview

Abstract

ПРЕДГОВОР
Голема одговорност и предизвик е да се изработи учебник во ваков обем со оглед на обемноста на теми кои треба да бидат вклопени во истиот. Особено е голем предизвикот да се претстави на јасен и разбирлив начин што ќе биде прифатлив за студентите. Со оглед на тоа дека административното право неговото материјално и процесно претставување опфаќа обемна материја самото по себе, дополнително оптоварувањето се честите промени на административните норми во Македонија. Тоа се должи на оформување на нови административни органи, правила во административното работење на јавната администрација, промена во административната постапка итн. Притоа, настојував учебникот да даде опфат на сите сегменти што се значајни за административното право и административната постапка, кои на јасен и практичен начин ќе им го приближам на студентите за улогата и значењето на оваа правна дисциплина како нераскинлив дел од целокупниот правен систем. Основна моја цел е преку овој учебник студентите да се стекнат со основни познавања за улогата и значењето на административното право во еден административен систем, како и улогата и значењето на административните службеници како главни субјекти во тој систем. Содржината во учебникот има поставено јасна цел студентите да го разберат значењето на административното право, институтите на административното право, изворите на административното право предметот, целите, а особено начинот на функционирање на администрацијата, за да можат како идни граѓани и вработени лица да се вклучат во прцесите на фунционирањето на администрацијата, како административни службеници, учесници во управни дејства или како надзорни органи на функционирање на администрацијата. Особено, придонесот за студентите е во осознавање на правните норми кои се однесуваат на фунционирањето на административните државни органи, односно извршувањето на административните предмети насочени кон остварување на интересите на граѓаните, а притоа се води сметка да се заштити јавиот интерес. Преку осознавање на управно-процесните правила при преземањето на управно-правни дејства, претставени како основни начела во управната постапката што се задолжителни за утврдување на матријалната вистина, студентите ќе добијат знаење како самостојно одговорно и законито се донесуваат управните акти, нивното извршување и можноста за користење на вонредните правни средства како дополнителни правни лекови за остварување на правата на граѓаните и донесување на законите акти кои нема да бидат на штета на граѓаните. Учебникот по административно право е објавуван на други универзитети, а разликата е што во овој учебник покрај административното право ја проучува и административната постапка што го прави неминовно обемен. Материјалот во книгата се заснова на релевантни научни истражувања и други, научни и стручни показатели и практични примери, како и на сопствени анализи засновани на релевантни теоретски и практични пристапи. Верувам дека овој учебник ќе и овозможи на студентите, јасен и лесен начин да го совладаат материјалот и да се стекнат со нови знаења од доменот на административното право и административната постапка.
Од авторот Проф.д-р Јадранка Денкова

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 28 Jan 2020 13:55
Last Modified: 28 Jan 2020 13:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23547

Actions (login required)

View Item View Item