Шапкаревиот запис за русалиите – вовед во истражувањата за шаманистичките остатоци во македонската традицијa

Vitanova-Ringaceva, Ana (2019) Шапкаревиот запис за русалиите – вовед во истражувањата за шаманистичките остатоци во македонската традицијa. Makedonika, 22. ISSN 1857-­7539

[img]
Preview
Text
_MAKEDONIKA 22.pdf

Download (1082Kb) | Preview

Abstract

Научните истражувања за шаманизмот и неговите реликти неспорно доведоа до заклучокот дека дејствувањето на шаманите во древните цивилизации оставило длабока трага во современите обредни практики. Соочувањето и справувањето со невидливите сили на злото, заштитата на заедницата и нејзината егзистенција, биле врвен приоритет на нашите предци. Русалиските игри, кои се изведувале на територијата на Балкан-скиот Полуостров, денес не се среќаваат во нивната изворна форма. Но, во колективната меморија тие остануваат да постојат како обреди кои ги обединува една единствена цел: да се заштити заедницата од злото, да се обезбеди плодородие и здравје за болните. Обредните игри кои се практикувале со цел ослободување на човекот од демоните, несомнено се игри од шамански тип. Русалискиот обреден комплекс, кој некогаш бил нераскинливо врзан за скутот на македонската народна традиција, најдиректно е засведочен во записот на Кузман Шапкарев (1834 – 1909) во 1884 година. Во записот на Шапкарев,1 во времето на т.н. погани дни (од прв ден Божиќ до Водици-Богојавление), по селата меѓу Ениџе-Вардар и Кукуш, северозападно од Солун, одат дружини наречени руса-лии, за да собираат пари и подароци за градење нова црква

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 28 Jan 2020 08:30
Last Modified: 28 Jan 2020 08:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23528

Actions (login required)

View Item View Item