Облигационо право - општ дел (Интерна скрипта, второ изменето и дополнето издание)

Ampovska, Marija (2019) Облигационо право - општ дел (Интерна скрипта, второ изменето и дополнето издание). ISBN 978-608-244-671-4.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/863

Abstract

Учебното помагало Облигационо право – општ дел (скрипта) е наменета за студентите на прв циклус на правни студии како учебно помагало за предметот Облигационо право и согласно намената е усогласена со наставната програма што за овој предмет е предвидена на Правниот Факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Интерната скрипта е поделена во три целини: Прв дел – Поим, извори и начела на облигационото право; Втор дел – Општо учење за облигационите односи; Трет дел – Видови облигациони односи. Материјата што е вообичаено содржана во предметната програма облигационо право – општо учење за облигациите, општо учење за договорите, посебни видови договoри, облигациони односи што настануваат со причинување на штета и други облигациони односи и преостанати облигации, освен во предметот Облигационо право, се среќава и во предметите Договорно право и Отштено право. Согласно важечката студиска програма предметот Договорно право се изучува на прв циклус студии, како задолжителен предмет во трета година. За таа сметка, а со цел да нема повторување на одредени наставни содржини, целата на Облигационото право како посебен предмет на изучување и целта на оваа скрипта е совладување на општото учење за облигациите, како и воведување во основите на договорното право. Од друга страна, предметот Отштетно право не е дел од студиската програма на прв циклус студии и со цел студентите да се здобијат со потребните знаење за основите на отштетното право како и со посебните видови на одговорности за штета во овој материјал му се посветува потребниот степен на внимание на овој облигационен однос. Знаењата што ќе ги стекнат студентите општо од облигационо право како и од отштетното право треба да претставуваат една база која ќе ја поставиме со овој наставен предмет, за натамошно надоградување на студентите на полето на Облигационото, Договорното и Отштетното право. Облигационото право е дел од приватното право, поточно дел од областа граѓанско право, каде егзистира заедно со општиот дел на граѓанското право, наследното и стварното право. Во однос на останатите правни дисциплини во граѓанското право облигационото право ја претставува динамиката на имотно-правните односи во едно општество и често вљубениците посветени на облигационото право истото го споредуваат со воздухот кој го дишеме, велејќи дека еднакво како што не сме свесни за постојаното дишење на воздухот, ние постојано стапуваме во голем број облигациони односи без да сме свесни за тоа. Исто така би сакале да нагласиме дека создавањето на оваа скрипта по Облигационо право беше особено олеснето поради постоењето на учебник по облигационо право, како прв учебник на македонски јазик, создаден по осамостојувањето на Република Македонија – учебникот Облигационо право од проф. д-р Гале Галев и проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска, издаден прв пат во 2008 година и е од особено значење бидејќи како што напоменуваат самите автори во него е инкорпорирано едно долгогодишно искуство на авторите во едукација, учество во создавање на закони од областа на приватното право, исклучителната посветеност на авторите на следење литература и практика од областа на граѓанското право и долгогодишно творење и создавање коментари, стручни и научни дела. Во изработката на оваа скрипта по Облигационо право исто така консултиравме и бројна странска литература како и практика, претежно од областа на Облигационото право, сé со цел за студентите да создадеме еден прифатлив, разбирлив и лесно совладлив материјал за изучување на предметот облигационо право, без дополнително на ги оптеретуваме со теоретски знаења и оставајќи простор за нивно надоградување во областите кои ги споменавме – во договорното и отштетното право, како и продлабочување на нивните знаења преку програмата предвидена за втор циклус на студии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 23 Jan 2020 14:31
Last Modified: 23 Jan 2020 14:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23460

Actions (login required)

View Item View Item