Инструментални фармацевтски анализи (учебник)

Gulaboski, Rubin and Maksimova, Viktorija and Ivanova Petropulos, Violeta (2019) Инструментални фармацевтски анализи (учебник). Goce Delcev University, Stip, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-244-685-1

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/877

Abstract

Квалитативната и квантитативната анализа на активните компоненти и/или онечистувањата во дадени фармацевтски формулации е од примарна важност во фармацевтската индустрија. Инструменталните методи за анализа во фармацијата се неопходен сегмент, почнувајќи од синтезата па сè до финалната контрола на квалитетот на лековите. Притоа, во зависност од карактеристиките на определуваните компоненти во дадени лекови, најчесто е потребно да се применат повеќе инструментални техники со цел да се добијат веродостојни резултати за присутноста на даден аналит, но и за неговата содржина. Во рамките на овој учебник, наменет за студентите на студиската програма Фармација, претставени се теоретските основи и главните карактеристики на инструменталните техники што најчесто се применуваат во карактеризацијата на фармацевтски формулации. Покрај тоа, дадени се и конкретни примери за апликација на обработените инструментални техники, како и практични примери каде што овие техники може да се употребат во фармацијата. Дадени се и предностите и недостатоците на секоја една техника, а претставени се и практични искуства за ракувањето со некои од инструменталните техники за анализа. Учебникот „Инструментални фармацевтски анализи“ е напишан во форма на практичен прирачник што е неопходен при анализата на фармацевтските формулации. Покрај студентите од студиската програма Фармација, овој учебник може да најде практична примена и во наставата на студиските програми каде што се применуваат инструменталните техники за анализа, на сите циклуси на студирање.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Natural sciences > Biological sciences
Natural sciences > Chemical sciences
Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Rubin Gulaboski
Date Deposited: 20 Jan 2020 12:13
Last Modified: 20 Jan 2020 12:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23413

Actions (login required)

View Item View Item