Инциденција на treponema pallidum antitela кај доброволни дарители на крв од источниот дел на Република Македонија

Kamcev, Nikola and Vitlarova, Jordanka and Kamceva, Milka and Dejanova, Vesna (2007) Инциденција на treponema pallidum antitela кај доброволни дарители на крв од источниот дел на Република Македонија. In: III Macedonian Congress of Infectious Diseases, 13-16 May 2007, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
IIIrd Macedonia Congress of Infectious Diseases, 13-16.05.2007, Ohrid, Macedonia.pdf

Download (990Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (465Kb) | Preview

Abstract

Цел: Да се прикаже инциденцијата на Treponema pallidum антитела кај доброволни дарители на крв од Источниот дел на Република Македонија. Материјал и методи: Во РЕ трансфузиологија рутински се применува тестирање на секоја крвна донација за откривање присуство на HBsAg, anti HCV I Treponema pallidum antitela. За детекција на Treponema pallidum антитела се користи Trepanostika TM TP Microelisa system од компанијата BIOMERIEUX. Во последните 5 години тестирани се вкупно 15.150 крвни донации. Тестирањето е изведено во РЕ Трансфузиологија при општата болница во Штип, а ретестирањето во Републичкиот завод за Трансфузиологија во Скопје. Резултати: Од вкупно 15.150 крвни донации детектирано е присуство на Treponema pallidum антитела кај 21 (о,13%). Ретестирањето во Републичкиот завод за Трансфузиологија во Скопје потврди позитивни резултати кај 18 (85,57%) серумски примероци. Заклучок: Според нашите резултати инициденцијата на Treponema pallidum антитела кај дарители на крв од Источниот дел на Република Македонија изнесува 0,11%. Резултатите недвосмислено укажуваат од потребата за задолжително тестирање на секоја крвна донација за откривање на Treponema pallidum антитела со ЕЛИСА тестови, со што ќе се превенира трансмисијата на Сифилис преку крв и крвни продукти.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 24 Jan 2020 13:19
Last Modified: 24 Jan 2020 13:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23281

Actions (login required)

View Item View Item