Клинички карактеристики на хуманата бруцелоза кај пациенти лекувани во инфективното одделение-Штип

Kamceva, Milka and Karagozova, Glorija and Siskova, Dijana and Kamcev, Nikola (2007) Клинички карактеристики на хуманата бруцелоза кај пациенти лекувани во инфективното одделение-Штип. In: III Macedonian Congress of Infectious Diseases, 13-16 May 2007, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
IIIrd Macedonia Congress of Infectious Diseases, 13-16.05.2007, Ohrid.pdf

Download (1018Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (472Kb) | Preview

Abstract

Цел на трудот: Да ја дефинираме клиничката симптоматологија на хуманата бруцелоза кај болни лекувани во Инфективното одделение во Штип. Материјал и методи: Во период од 10 години обработени се 1598 болни кои се лекувани од бруцелоза и тоа 937(58,63%) мажи и 661 (41,37%) жени. Терапијата е спроведувана по протоколи препорачани од ЦЗО во траење од најмалку 6 недели. За дијагноза беа користени : биохемиски тестови, клинички иследувања (Ro, Eho, KT) I serolo[ki analizi BAB, WRIGHT,Brucela kap.).Према клиничкиот тек и лабораториските резултати 1089 (68,1%) од болните беа со акутна форма на болеста, 338 (21,1%) субакутна и 17 (10,8%) со хронична форма. Кај 7,7% се јавија рецидиви, а реинфекција кај 2,6%. Резултати: Од општите симптоми најчесто доминираа: малаксалост, студ, трески, потење, слаб апетит, намалена ТТ. Покачена температура најчесто со ремитентно-интермитентен карактер беше присутна кај 47 9 %,,од болните и тоа воглавном кај болни во акутната фаза. Џглобно мускулни болки беа најчесто на долните екстремитети и лумбосакралната кичма, но ги имаше и во останатите регии. Главоболката беше присутна кај 37,2% од болните. Хепатопмегалијата беше почесто присутна од спленомегалијата, но ретко со позитивен Ехо наод. Покачени трансаминази имаше кај 371 (23,2%). Орхиепидемитис е регистриран кај 257 болни и тоа најчесто кај популација до 35 години. Кај 368 (23,)) болни отсуствуваа клинички смптоми, а се хоспитализирани врз основа на покачени вредности на лабораториски тестови. Најчесто се работи за деца од фамилии во кои има болни од бруцелоза. Заклучок: Бруцелозата во Источниот дел на Република Македонија е често заболување со богата и разновидна смптоматологија која бара комплексен приот како дијагностички така и тераписки.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 24 Jan 2020 13:18
Last Modified: 24 Jan 2020 13:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23280

Actions (login required)

View Item View Item