Компликации кај пациенти со herpes zoster ophtalmicus лекувани во очното одделение при Општата болница во Штип

Ikonomovska, Lidija and Stojmenova, J and Kamceva, Milka and Kamcev, Nikola (2007) Компликации кај пациенти со herpes zoster ophtalmicus лекувани во очното одделение при Општата болница во Штип. In: III Macedonian Congress of Infectious Diseases, 13-16 May 2007, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
IIIrd Macedonia Congress of Infectious Diseases.pdf

Download (1003Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (466Kb) | Preview

Abstract

Цел на трудот: Да се прикажат компликациите кај болни со пареза со Herpes zoster ophtalmicus хоспитализирани и лекувани во очното одделение во Штип Материјал и методи: Очното одделение во Штип е регионално одделение кон кое гравитираат околу 250.000 жители од Источниот дел на Република Македонија. Во изминатите 5 години хоспитализирани и лекувани се се 7 пациенти со Herpes zoster ophtalmicus. Од болните 3 се мажи, а 4 жени на возраст од 40-75 години. Резултати: Во изминатите 5 години лекувани се 7 болни со Herpes zoster ophtalmicus. Компликации со пареза на n. oculomotorius се појавија kaj 3 (42,85%) болни, a kaj 2 (28,57%) болни се појави секундарен глауком со сите карактеристични знаци и симптоми. Останатите 3 (42,85%) болни поминаа со уреден тек без компликации. Третирани се повеќе денови со локални антивирусни масти, антибиотски капки и Midriatik капки, витаминотерапија и друга симптоматска терапија. По 10 дена од појавата на парезата започнавме со физикална терапија. Заклучок: Herpes zoster ophtalmicus е болест која е предизвикана од неуротропен варичела-зостер вирус. Се работи за воспалување на Glasseri ганглионот, неговите ограноци, цилиарниот ганглион и цилијарните нерви. Се работи за ретко, но тешко заболуванје со многубројни компликации, а тврдокорно на терапија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 24 Jan 2020 13:18
Last Modified: 24 Jan 2020 13:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23279

Actions (login required)

View Item View Item