Хепатални лезии при акутна бруцелоза кај болни лекувани во инфективното одделение од 1986-1998 година

Kamceva, Milka and Siskova, Dijana and Karagozova, Glorija and Kamcev, Nikola (1999) Хепатални лезии при акутна бруцелоза кај болни лекувани во инфективното одделение од 1986-1998 година. In: Ist Macedonia Congress of Infectious Diseases, 16-19 June 1999, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Ist Macedonia Congress of Infectious Diseases, 16-19.06.1999, Ohrid, Macedonia.pdf

Download (1083Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (298Kb) | Preview

Abstract

Повеќе од 10 години хуманата бруцелоза претставува голем здравствен проблем во Република Македонија. Во периодот од 1996-1998 година на Инфективното одделение се лекувани 369 болни со бруцелоза, од кои 205 мажи и 164 жени. Хепатални лезии во смисол на Hepatitis reactiva brucelogenes најдовме кај 86 болни (мажи 48, жени 38). Меѓу болните застапени се сите возрасти, но најчесто овие промени се кај популација од 20-60 годишна возраст. Клиничките симптоми регистрирани кај нашите болни се: истоштеност, слаб апетит, болка во епигастриумот кај сите болни. Останатите симптоми: покачена температура, главоболка, болки во локомоторниотбапарат, потење, студ, треска , повраќање, хепатомегалија, спленомегалија, иктерус, се различно застапени во клиничката слика на болните. Од лабораториските испитувања ги добивме следните резултати: умерено зголемување на вредностите на ALT и AST, имаат сите болни, а покачен билирубин е регистриран само кај 25 болни. Следејки ги болните дојдовме до следните заклучоци: кај болни со акутна бруцелоза може да се појави Hepatitis reactiva brucelogenes, кој лабораториски се манифестира со умерено нарушување на хепаталниот статус (ALT, AST и билирубин), а клинички со хепатомегалија и иктерус. Овие нарушени лабораториски наоди се одржаа најмалку две недели на лекувањето на бруцелозата. Само еден болен е испишан со покачени трансаминази. При понатамошните контроли, хепаталниот статус беше уреден што укажува на фактот дека лезиите на хепарот при акутна бруцелоза се од транзиторен карактер.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 24 Jan 2020 11:54
Last Modified: 24 Jan 2020 11:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23276

Actions (login required)

View Item View Item