Трансфузиско тестирање на маркери на хепатит тип Б

Ilikj, Elizabeta (2019) Трансфузиско тестирање на маркери на хепатит тип Б. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Elizabeta_Ilik_za_pechatenje_ok.pdf

Download (1478Kb) | Preview

Abstract

Хепатит Б е инфективно воспалително заболување на црниот дроб, предизвикано од хепатитис вирус тип Б. Се пренесува преку крв, од мајка на дете во текот на бременоста, кај зависниците со користење на инфицирани игли, кај останатата популација при хируршки или стоматолошки интервенции со контаминирани медицински инструменти и преку незаштитен полов однос. Болеста најчесто се јавува во акутна фаза и завршува со комплетно излекување, но може да добие и хроничен карактер и по тешко боледување да заврши со смрт. За лекување на хепатит Б се користи симптоматска терапија, а како превентива постои вакцина, која се прима 24 часа по раѓање. Современото трансфузиско згрижување на пациентите, подразбира подготовка на максимално сигурни крвни компоненти, без ризик од трансфузиско-трансмисивна инфекција со хепатит Б. Со воведувањето на нови поосетливи и специфични тестови за детекција на маркерите на хепатит Б и употребата на PCR (Polymerase chain reaction) методата во молекуларната дијагностика, ризикот за трансмисија на хепатит Б преку трансфузија на крв е сведен на минимум. Целта на овој труд беше да се анализираат и споредат резултатите за рана детекција на HBsAg, добиени со хемилуминисцентна метода (CMIA) и PCR методата, кај доброволни дарители на крв и пациенти за предоперативни испитувања при ГОБ „8-ми Септември“, со што се потврди високата сензитивност на CMIA методата, како и фактот дека понекогаш може да се добијат и „лажно“ позитивни резултати. Истражувањето укажува на тоа дека треба внимателно да се интерпретираат резултатите кај здрави испитаници, како и потребата за подлабока анализа на причините кои доведуваат до различни резултати помеѓу двете методи. Клучни зборови: трансмисија, серолошка дијагностика, молекуларна дијагностика

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 10:47
Last Modified: 13 Jan 2020 10:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23243

Actions (login required)

View Item View Item