Соработката на Државнот завод за ревизија со надлежните органи и институции

Ivanova, Elena (2019) Соработката на Државнот завод за ревизија со надлежните органи и институции. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
магистерска- Елена Иванова.pdf

Download (1157Kb) | Preview

Abstract

Развивањето на ревизијата се поврзува со развивањето на сметководството. За поимот ревизија постојат повеќе дефиниции, но главно ревизијата како поим значи да се испита, прегледа, односно значи проверување на работењето. Постојат повеќе видови на ревизии и процесот на ревизија се состои од неколку фази, но државната ревизија претставува испитување на извршената интерна ревизија и има за цел да даде мислење дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на субјектот кој е предмет на ревизија. Ревизијата на успешност, која е дел од државната ревизија, има за цел да го утврди степенот на економичност, ефикасност и ефективност во работењето. За спроведување на државната ревизија, основана е посебна институција, која се нарекува Државен завод за ревизија. Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија е врховна и независна ревизорска институција. Државниот завод за ревизија за своето работење одговара пред Собранието на Република Северна Македонија и исто така соработува со повеќе институции. Клучни зборови: ревизија, финансиски извештаи, државна ревизија, Државен завод

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 09:37
Last Modified: 13 Jan 2020 09:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23238

Actions (login required)

View Item View Item