Корелативна поврзаност меѓу фундаменталните концепти во ревизијата

Jakimova, Ivona (2019) Корелативна поврзаност меѓу фундаменталните концепти во ревизијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
КОРЕЛАТИВНА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ ФУНАДАМЕНТАЛНИТЕ КОНЦЕПТИ ВО РЕВИЗИЈАТА - Ивона Јакимова (2) (1).pdf

Download (1410Kb) | Preview

Abstract

Во деловниот свет ревизијата претставува многу потребна, а многу често и неопходна активност. Ревизорите ги испитуваат, анализираат и спроведуваат ревизорските постапки на финансиските извештаи сѐ со цел да се открие дали тие содржат материјално погрешни прикажувања. Ревизорскиот ризик како концепт на ревизијата, претставува значајна алатка при процесот на ревизија. Ревизорскиот ризик претставува многу важно начело бидејќи му го одредува на ревизорот потребното време и количината на тестови за да можат адекватно да се прегледаат финансиските извештаи. При спроведување на ревизијата, ревизорите го одредуваат и нивото на материјалност при анализирање на финансиските извештаи, односно дали погрешните прикажувања, доколку ги има во финансиските извештаи се од материјално значење. За сето ова на ревизорот му стојат на располагање голем број алатки со кои собира докази за да го потврди своето мислење и да даде разумно уверување за точноста на финансиските извештаи. Клучни зборови: ревизија, ревизор, ревизорски ризик, материјалност, ревизорски

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 09:37
Last Modified: 13 Jan 2020 09:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23237

Actions (login required)

View Item View Item