Секциско предавање на тема Усвоеноста на глаголскиот систем во предметната настава (кај учениците во штипско)

Grkova, Marija (2019) Секциско предавање на тема Усвоеноста на глаголскиот систем во предметната настава (кај учениците во штипско). In: Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања, 13-14 Nov 2019, Skopje. (Submitted)

[img]
Preview
Text
IMJ 2019 GRKOVA.pdf

Download (547Kb) | Preview

Abstract

Како што е познато, глаголите се одликуваат со граматички категории, па според тоа припаѓаат во менливите зборовни групи. Понекогаш, при промената на формата на глаголот може да дојде до појава на јазични грешки кои се предмет на истражување по овој повод. Целна група на истражувањето се учениците од VI до IX одделение во Штипско. Притоа треба да се спомене дека единствено глаголите од менливите зборовни групи се среќаваат во наставните програми по предметот Македонски јазик за сите одделенија од предметната настава (од VI до IX одд.). Водејќи сметка за методичките содржини за глаголите што се обработуваат во споменатите одделенија според наставните програми по Македонски јазик преземени од Бирото за развој на образованито на Р Македонија, беа подготвени и наменски составени тестови по Македонски јазик. Вежбите од тестовите се директно поврзани со нашата истражувачка тема, а соодвестуваат и на возраста и нивото на способноста на тестираната група ученици. Резултатите од вежбите ги претставуваме во графикон и табеларно водејќи се според точноста на одговорите (точни, неточни и неодговорени прашања). Треба да се има предвид дека со тестирањето се опфатени и ученици од другите националности. Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати вклучувајќи ги и јазичните грешки од учениците од VI до IX одд. во Штипско, да се види колку гo имаат усвоено глаголскиот систем, кој е предвиден да се усвои токму во предметната настава во основото образование.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 19 Dec 2019 10:11
Last Modified: 19 Dec 2019 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23173

Actions (login required)

View Item View Item