Секциско предавање на тема Усвојувањето на граматичката категорија начин (според резултати добиени од учениците од основното образование во Штипско)

Grkova, Marija (2018) Секциско предавање на тема Усвојувањето на граматичката категорија начин (според резултати добиени од учениците од основното образование во Штипско). In: Десетти научен собир на млади македонисти, 10-11 May 2018, Skopje. (Submitted)

[thumbnail of X MMak Grkova.pdf]
Preview
Text
X MMak Grkova.pdf

Download (534kB) | Preview

Abstract

Како што е познато од граматиките за македонскиот јазик, глаголот е зборовна група која има најсложена структура во однос на сите останати зборовни групи. Со оглед на тоа што припаѓа во менливите зборови (поделени според менливоста), кај глаголот се разликуваат и повеќе граматички категории, меѓу кои е и глаголскиот начин.
Познато е и дека под глаголски начин го подразбираме нашиот однос кон глаголското дејство во реченицата. Оттука, се разликуваат: исказен, заповеден и можен начин.
Глаголскиот начин е застапен и како методска единица во наставните програми по предметот Македонски јазик, а согласно со нив и во акуелните учебници по предметот.
Целна група на истражувањето се учениците од VI, VIII и од IX одделениe од Штипско, со оглед на тоа што во VI одд. учениците за првпат се среќаваат со глаголскиот начин, воVIII одд. го усвојуваат заповедниот начин, а во IX– можниот. Притоа, треба да се спомене дека вежбите што ќе бидат цел на анализа по овој повод, а кои се однесуваат на глаголскиот начин, ги издвојуваме од наменски составен тест по Македонски јазик.
При подготовката на тестот имавме за цел вежбите да бидат директно врзани со нашата истражувачка тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да правиме големи измени и да бидат прилагодени кон возраста и кон нивото на способноста на тестираната група ученици.
Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати од учениците од VI, VIIIи од IX одделение во Штипско, да се види колку го имаат усвоено глаголскиот начин, предвиден да се усвои кон последните години од основото образование.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 19 Dec 2019 10:08
Last Modified: 19 Dec 2019 10:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23170

Actions (login required)

View Item View Item