Менаџмент на синџир на снабдување - учебник

Apostolov, Mico (2019) Менаџмент на синџир на снабдување - учебник. Универзитет „Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-244-648-6

[thumbnail of МЕНАЏМЕНТ НА СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ.pdf]
Preview
Text
МЕНАЏМЕНТ НА СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Целта на овој труд е да овозможи запознавање со основните концепти и функционирање на менаџментот на синџир на снабдување. Првиот дел Вовед во менаџмент на синџирот на снабдување - разбирање на синџирите на снабдување се однесува на целите на синџирот на снабдување и влијанието на синџирот на снабдување во одлуките кои влијаат на успешноста на една фирма, идентификување на три клучни фази на одлука во синџирот на снабдување, циклусите во синџирот на снабдување како и push/pull основите на синџирот на снабдување и класифицирање макропроцесите во една фирма до аспект на синџирот на снабдување. Во вториот дел Перформанса на синџирот на снабдување - постигнување на стратешка погодност и обем се објаснува начинот на постигнување на стратешката погодност која е пресудена за севкупниот успех на компанијата. Исто така, се утврдува како една компанија постигнува стратешка погодност помеѓу својата стратегија за синџирот на снабдување и својата конкурентска стратегија. И на крај, во поглавјето се потенцира важноста од проширување на обемот на стратешката погодност преку синџирот на снабдување. Во третиот дел Двигатели на синџирот на снабдување и метрика се воведуваат трите логистички двигатели – просториите, инвентарот и транспортот, и трите двигатели кои се вкрстуваат по функциите – информациите, одредување на изворот и одредување на цените – кои го одредуваат перформансот на секој синџир на снабдување. Понатаму, има содржинска дискусија за тоа како овие двигатели се користат во дизајнот, планирањето и работењето на синџирот на снабдување. Во однос на претходното се одредуваат неколку метрики кои можат да се користат за да се мери перформансот на секој двигател и исто така се воведуваат и многуте пречки со кои се соочуваат менаџерите на синџирот на снабдување. Во четвртиот дел Креирање на дистрибутивни мрежи и апликации за е-бизнис се идентификуваат клучните фактори кои се земат предвид при дизајнирање на дистрибутивната мрежа, се одредуваат факторите кои влијаат на предностите и слабостите на различните опции за дистрибуција. Исто така се дава и објаснување за тоа како е-бизнисот е под влијание на дизајнот на дистрибутивни мрежи во различни индустрии. Во петтиот дел Мрежен дизајн во несигурна околина се идентификуваат неизвесностите кои влијаат на перформансите на синџирот на снабдување и мрежниот дизајн. Во однос на мрежниот дизајн се разработуваат методологиите кои се користат за оценување на одлуките за дизајн на синџирот на снабдување во неизвесна околина. Понатаму, се анализираат одлуките за мрежен дизајн на синџирот на снабдување во несигурна околина. Во шестиот дел Менаџирање на економии од обем во синџир на снабдување - цикличен инвентар, се прави биланс на трошоци за да се избере оптимална количина на цикличен инвентар во синџирот на снабдување. Дополнително се објаснува влијанието на количествени попусти и трговските промоции врз цикличниот инвентар. Се прави напор да се идентификуваат нивоата со кои се намалува цикличниот инвентар во синџирот на снабдување, без зголемување на трошоците. Во седмиот дел Управување со независноста во синџирот на снабдување - безбедносен инвентар се објаснува улогата на безбедносниот инвентар во синџирот на снабдување, се идентификуваат факторите кои влијаат на потребното ниво на безбедносен инвентар и се одредуваат нивоата за низок безбедносен инвентар за да се подобри достапноста на производот. Во осмиот дел се обработува темата на Управување со цени, приходи и координација во синџирот на снабдување . Овој проблем е многу важен и во ова поглавје е дадена улогата на управување со приходите во синџирот за снабдување, поконкретно управување со цените и приходите за повеќекратни кориснички сегменти. Недостатокот на координација доведува до деградација на одговорност и зголемување на трошоците во рамките на синџирот на снабдување. Во деветтиот дел Транспорт во синџирот на снабдување се објаснува улогата на транспортот во синџирот на снабдување, поконкретно, различните начини на транспорт, улогата на инфраструктурата и условите во транспортот, различните транспортни мрежи и опции, како и, дизајнирање на транспортна мрежа. Ракописот е напишан на ниво кое е разбирливо за студентите по предметот Менаџмент на синџир на снабдување, но и за сите кои имаат потреба од дообразување од оваа област.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mico Apostolov
Date Deposited: 18 Dec 2019 13:16
Last Modified: 18 Dec 2019 13:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23157

Actions (login required)

View Item View Item